Црна хроника
Нападнат контролор во автобус на ЈСП

Дваесет ипет годишниот М.Ш., контролор во ЈСП Скопје, бил нападнат во автобусот број 47 од 20-годишниот патник М.Б. откако побарал да му го покаже билетот.
Според информациите од полицијата, патникот одбил да го стори тоа, започнал вербална расправија, по што физички го нападнал контролорот.
Инцидентот се случил во четвртокот околу 15:30 часот на улицата „Цветан Димов“.
Полицијата превзема мерки за расчистување на случајот. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Седум возила учествуваa во сообраќајна несреќа што се случи утрово во Скопје

Утрово во 06.45 часот на крстосница од булеварот „Александар Македонски“, улицата „16-та Македонска Бригада“ и улицата„Интернационални Бригади“ се случила сообраќајна незгода во која учествувале седум возила.
Како што информира МВР, во сообраќајката учествувале товарно моторно возило, патничко моторно возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(25) од Скопје, товарно моторно возило,„митцубиши“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Т.З.(27) од Велес, патничко моторно возило „дачија данкер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(27) од Скопје, патничко моторно возило„фолксваген пасат“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(44) од с.Грушино,скопско, патничко моторно возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Т.(62) од с.Миладиновци,скопско и патничко моторно возило„фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.Ц.(30) од с.Брњарци,скопско.
Во незгодата со тешки телсени повреди се здобила С.Д.(51) од Скопје, сопатник во патничкото моторно возило„фолксваген туран“ а кај четворица останати учесници во незгодата биле констатирани телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Се бара притвор за маж од Влае кој продавал марихуана

Скопското обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 27-годишен скопјанец, осомничен дека сторил кривично дело – неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги.
Од Обвинителството информираат дека осомничениот, на 14 декември во својот дом во Влае, неовластено заради продажба држел наркотична дрога – марихуана и ја чувал заради натамошна продажба.
При претрес на домот и други простории, овластени службени лица пронашле две тегли со наркотична дрога – марихуана во вкупна количина од 28,66 грама и две дигитални ваги со остатоци од психотропни супстанции кои влегуваат во состав на растението Cannabis, информираат од Обвинителството.
Бидејќи постојат околности кои упатуваат дека осомничениот би можел да се даде во бегство или да го повтори кривичното дело, со цел негово обезбедување во текот на кривичната постапка, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави и предлог за определување мерка притвор.
Црна хроника
Пукање пред угостителки објект во Долно Блаце

Синоќа по полноќ, во полицијата било пријавено дека пред угостителски објект во Долно Блаце биле испукани неколку истрели.
Полициски службеници од Полициска станица„Долно Блаце“ излегле на местото на настанот и на паркинг просторот во близина на угостителски објект пронашле чаури од пиштол.
Од МВР информираат дека нема повредени лица и се работи на расчистување на случајот.
- Забава3 месеци
Дошла на преглед поради постојан замор, а докторите ѝ рекле дека ќе умре за 72 часа
- Книги2 месеци
Промоција на „Небо во кафез“ од Д.А. Лори
- Црна хроника2 месеци
Се урна тераса во Скопје – повредени татко и неговите три малолетни деца
- Hitech3 месеци
(Видео) Возач и совозач во „тесла“ спијат додека автомобилот вози со 100 на час
- Култура1 месец
Десет најчести прашања и одговори за програмата „Креативна Европа медиа“ на „Синедејс“
- Македонија5 дена
Јовановски до Камчева: Се сеќавате ли дека подготвувавте посебни вечери за мене
- Свет1 месец
(Видео) Полицаецот кој го уапси синот на Ел Чапо убиен со 150 куршуми
- Македонија2 недели
Јовановски: Вештачењето на камерата од моите родители ќе покаже кој замина со торбата и каде