Црна хроника
Запленети 1,7 кг хероин на `Табановце`
Кај 26-годишен скопјанец, во средата вечерта, биле најдени и запленети 1,7 килограми хероин на граничниот премин „Табановце“, кои на уличниот пазар може да достигнат цена од 150.000 евра.
Центарот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Одделот за недозволена трговија со дрога во содејство со Царинската Управа на Р. Македонија реализира случај на недозволена трговија со наркотична дрога – хероин, при што запленети се околу 1,7 килограми хероин, со што е пресечен меѓународен канал за недозволена трговија со наркотици на релација од Македонија до Австрија.
По претходно добиено сознание за можен транспорт на хероин, вчера, околу 21 часот, на „Табановце“ на излез од Македонија, полициски службеници и службеници од царинска управа, извршиле детален претрес над М.Ј.(26) од Скопје и неговиот личен багаж, при што во црн куфер на кој имало налепница со име и презиме на пријавениот, било забележано на дното од куферот специјално направена преграда (двојно дно).
Во таа преграда пронајдени се две бели најлонски кеси исполнети со прашкаста материја, кои на долниот дел од куферот биле залепени со течен лепак, додека од другата страна биле прицврстени со црн држач од самиот куфер.
По извршеното тестирање на лице место од страна на царинските службеници на непознатата прашкаста материја, истата реагирала на тестерите за наркотична дрога хероин, кои се предадени за вештачење во Одделот за криминалистичка техника при МВР.
Вредноста на хероинот на нарко пазарот при улична продажба се проценува дека би достигнала над 150.000 евра.
Од спрoведената истрага на Одделот за недозволена трговија со дрога утврденa е инволвираност и на друго лице кое во моментов не е достапно на органите на прогон и по истиот се трага.
Поднесена кривична пријава против две лица поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
По целосно документирање на случајот во текот на денешниот ден осомничениот ќе биде изнесено пред Истражен судија – ОЈО Куманово за натамошна постапка. Полицијата презема дополнителни мерки и активности заради целосно расчистување на случајот, утврдување и кривично правно санкционирање и на други инволвирани лица./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.