Црна хроника
Силување на „Македонска“ во Белград

Дваесет идевет годишна девојка е силувана ноќта меѓу вторникот и средата во Белград, јавуваат српските медиуми.
Инцидентот се случил во јавна гаража на улицата „Македонска“ во центарот на српската метропола.
Насилникот прво ја претепал девојката, а потоа под закана со нож ја внел во паркиран автомобил и ја силувал.
Девојката со тешки повреди е пренесена во болница, јавуваат српските медиуми. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Вработен во ЕВН нападнат во Сарај

Е.А.(20) од с.Глумово, скопско, пријавил дека околу 12.05 часот во с.Сарај, скопско, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН Македонија, бил физички нападнат од едно машко лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.
Црна хроника
Скопјанец нашол рачна бомба во својот двор

А.С.(47) од Скопје пријавил дека во неговиот двор на улицата Методија Андонов Ченто во Скопје пронашол експлозивна направа.
Полициски службеници од Полициската станица Гази Баба излегле на местото и било констатирано дека се работи за рачна бомба, стар модел, која била кородирана.
Известена била и Единицата за откривање и демонтирање на експлозивни средства и направи при МВР.
Црна хроника
Кумановка (18) удри во бетонска жардиниера со мопед, пренесена во болница

Осумнаесетгодишната кумановка А. Н., управувајќи мопед „кимко“, со кумановски регистарски ознаки, изгубила контрола и удрила во бетонска жардиниера.
Во несреќата добила тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Куманово.
Извршен бил увид.