Црна хроника
30-годишен пешак повреден во Скопје

Триесетгодишен скопјанец е повреден кога возило удрило во него. Според полицијата, несреќата се случила вчера во 17.37 часот на булеварот Кузман Јосифовски – Питу.
Патничко возило „фолксваген поло“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.П. (38) од Скопје, удрило во пешакот М.С. (30) од Скопје. М.С. добил тешки телесни повреди и со возило на итната медицинска помош бил пренесен на Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен 75-годишен скопјанец, во неговиот дом пронајдени оружје и муниција

Вчера во 18:40 часот во село Трубарево, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 75-годишниот Љ.С. од село Трубарево.
При претрес во неговиот дом и помошни простории, извршен со судска наредба, полициските службеници во помошна просторија пронајдоа и одземаа ловечка пушка, пиштол со калибар 7,62 мм со две рамки за него, 37 куршуми кратко зрно, 50 куршуми долго зрно, две чаури и други предмети, извести МВР.
Тој е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кривична пријава против двајца скопјани, одгледувале канабис во своите дворови

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против Б.А.(42) и Б.А.(40), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори”.
Во периодот од 2020 до 2025 година, пријавените набавувале семки од растението канабис и во дворовите од нивните кјуќи во с.Огњанци, скопско, одгледувале стебла, кои ги береле, сушеле, а потоа ги пакувале во зипер ќеси и ги продавале на уживатели на подрачјето на град Скопје по цена од 500 денари за една зипер ќеса.
На 06.09.2025, со судска наредба, полициски службеници извршија претреси во домовите на пријавените. Притоа, во домот и дворот на Б.А.(42) се пронајдени и одземени марихуана и осум стебла од растениетѕо канабис. Додека, во домот и дворот на Б.А.(40) се пронајдени и одземени марихуана, амфетамин, дробилка и четири стебла од растението канабис.
Црна хроника
Го удрил кран: работник од Кина загина во фабрика во Кавадарци

Вчера во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото.
Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.