Црна хроника
30-дневен притвор за 18-годишник од Тетово, кај него пронајдена марихуана наменета за продажба
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори според член 215 став 1 од Кривичниот законик.
При претрес во домот во кој престојувал осомничениот 18-годишник на улицата 180 во Тетово полицијата пронашла околу 200 грама наркотична дрога марихуана, распоредена во повеќе помали пакувања наменети за натамошна продажба, како и семки од растението канабис, извести Обвинителството.
Ценејќи дека се исполнети законските основи – опасност од бегство, можност за влијание врз постапката и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот суд во Тетово достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот. Судот го прифати предлогот и му определи притвор во траење од 30 дена, се додава во соопштението на Обвинителството.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Штипјани си ги оставиле децата заклучени во автомобил додека се коцкале во казино
Полицијата поднесе кривична пријава против родители од Штип кои ги оставиле своите малолетни деца заклучени во автомобил, на паркинг.
Според информациите од МВР, родителите се на возраст од 42 и 27 години. Децата подолг период останале заклучени на паркингот, додека тие биле во казино.
Кривичната пријава се однесува на делото запуштање и малтретирање на дете.
Црна хроника
Mаж нападнат и ограбен на Камени мост во Скопје
Полицијата поднесе кривична пријава против Х.А.(45) и В.А.(22), двајцата од Скопје, поради „разбојништво“.
„На 14 март на Камениот мост во Скопје, пријавените физички го нападнале Ф.Р. и му одзеле пари и мобилен телефон“, велат од МВР.
Црна хроника
Скопјанка пријавила дека 54-годишна жена го нападнала нејзиното дете
Скопјанка во полицијата пријавила дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од 54-годишната Х.Р. од Скопје.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, велат од МВР.