Црна хроника
Поранешниот заштитен сведок во Монструм ќе даде исказ пред судот
Хаки Азири, обвинет во случајот Монструм кој беше заштитен сведок, но се откажа од овој статус, во четврток ќе даде исказ пред судот.
Азири е единствениот во овој случај обвинет за помагање на тероризам и единствениот кој пред истражен судија кажал нешто за петкратното убиство кај Смилковското езеро.
Според неговиот исказ, тој со својот автомобил ги чекал обвинетите на обиколницата кај Качанички пат околу 20 часот. Африм Исмаиловиќ и Алил Демири излегле од црвениот „опел“ и влегле во неговиот автомобил. Му кажале дека убиле човек и му рекле да ги одведе во неговиот дом.
Азири му е внук на Фејзи Азири, кој држел под концесија парцели кај Смилковското езеро.Обвинетиот Агим Исмаиловиќ во средата пред судот рече дека не е точно она што го кажал Азири пред истражниот судија.
Во убиството коешто се случи на 12-ти април без причина беа убиени матурантите Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефковски.
Судскиот процес за грозоморното убиство коешто ја потресе целата земја почна на 20-ти декември, а на обвинителната клупа седнаа Агим Исмаиловиќ, Фејзи Азири, Рами Сејди и Хаки Азири. На другите двајца обвинети, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ кои се во бегство, ќе им се суди во отсуство./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.