Црна хроника
Напаѓачот од киното во Аурора не се изјасни за вината
Џејмс Холмс, обвинет дека во јули 2012 година го изврши нападот во киното во градот Аурора, во американската сојузна држава Колорадо и уби 12 а рани 58 луѓе, во петокот беше изведен пред судот но неговите адвокати побараа повеќе време за изјаснување за вината.
Како што се очекуваше, судијата на судот на државата Колорадо, ден откако беше донесена одлуката да ми се суди на 25-годишниот Џејмс Холмс, го одобрил барањето на одбраната да добијат повеќе време за проучување на опсежните докази и сведоштва кои ги изнеле обвинителите во предрасправната постапка претходно седмицава. Изјаснувањето за вината е одложено за 12-ти март.
По завршувањето на кусото рочиште во петокот еден од гледачите од делот во судницата во округот Арапахо наменет за жртвите и нивите семејство извикна „Гори во пеколот, Холмс!“
Холмс кој во тој момент го изнесувале од судницата, не реагирал видливо, Судијата Вилијам Силвестер го предупредил гледачот, чијашто ќерка е убиена во масакрот во киното, да биде повоздржан изразувајќи разбирање за неговите чувства.
Холмс е обвинет за убиството на 12 лица и за ранување на уште 58 на полноќната премиерна проекција на најновото продолжение од франшизата на стрип јунакот Бетмен, „Рицарот на темнината; Враќање на легендата“, во Аурора, предградие на Денвер во државата Колорадо, на 20-ти јули минатата година. Поранешниот студент на Универзитетот Колорадо е обвинет за повеќекратно убиство и обиди за убиство.
Судијата Сивлестер во четвртокот заклучи дека обвинителството во предрасправната постапка изнело доволно докази за да може да започне судењето и наложи Холмс да остане во притвор без можност за пуштање со кауција. Адвокатите на обвинетиот тврдат дека Холмс е душевно болен, но не наведоа точно од која болест./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.