Црна хроника
Романци ја ограбиле златарата во центарот на Охрид
Охридската полиција приведе три романски државјанки кои заедно со уште три други лица во неделата извршија тешка кражба во златарата „Прима Голд“ во охридската чаршија, јави Охридњус.
Против шест члената група романски државјани, поднесена е кривична пријава поради постоење на основи на сомнение дека сториле едно кривично дело „тешка кражба“.
Трите лица се приведени непосредно по кражбата, а од страна на истражен судија одредена им е мерка притвор во траење од 24, односно 48 часа.
СВР Охрид, презема дополнителни мерки за пронаоѓање на други три лица кои се во бегство.
Тешката кражба била извршена во неделата околу 15 часот, кога во златарата, заедно влегла шест члената група. Додека дел од нив со разни прашања за накитот и цените, се обидувала да и го одвлече вниманието на вработената, останатите успеале од стаклениот пулт со изложен накит да одземат прстени, нараквици и друг златен и сребрен накит.
Според сознанијата на СВР, членовите на романската група во текот на вчерашниот ден во Охрид пристигнале со патничко моторно возило, по што разгледале неколку златари во чаршијата, а во „Прима Голд“ ја извршиле тешката кражба./крај/охридњус
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.