Црна хроника
Со пиштол пукано кон хотелот Ројал кај Брвеница
Непознати разбојници во неделата вечерта околу 22 часот, од возило во движење пукал со пиштол кон хотелот „Ројал“ којшто се наоѓа кај тетовското село Брвеница, соопшти СВР Тетово.
Испукани се шест куршуми кон објектот, коишто завршиле во влезната врата, страничните стакла на објектот, а оштетените биле и внатрешните ѕидови на рецепцијата.
По пријавата на пукањето, тетовската полиција извршила увид на лице место и на 50 метри оддалеченост пронајдени се шест празни чаури , фрагменти од проектили коишто се однесени на вештачење.
Инаку минатата година беше уапсено лице кое во овој хотел влегло со бомба кашикара во рацете, барал некој девојка, а потоа и четириесет и седумгодишниот сопственик на хотелот Џ.И. Бомбата не ја активирал и ја оставил на рецепција./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

