Црна хроника
Го исекле со нож, па во брзата помош се обиделе да го дотепаат
Струмичанец бил расечен со нож на лицето, од петнаесетина прилепчани, кои отишле во Медицинскиот центар да го дотепаат, јави полицијата.
Имено, во вторникот околу 21.30 часот, во Полициската станица во Прилеп од Медицинскиот центар Прилеп пријавено е дека бил донесен А.С.(29) од Струмица со повреди нанесени поради претходен физички напад.
По укажана лекарска помош во ходникот од Медицинскиот центар, А.С. и неговиот пријател П.Т.(51) од Прилеп биле пресретнати од околу 15 непознати лица, меѓу кои биле Б.Д., Б.Н., по што Б.Д. почнал да им се заканува.
Притоа П.Т. сакајќи да го одбрани А.С., бил удрен од Б.Д. кој замавнал со нож и го повредил во пределот на лицето.
Инаку, истиот ден околу 19.30 часот, во Прилеп на раскрсницата од улиците „Марксова“ и „Самоилова“, А.С. физички бил нападнат од две лица, кои подоцна учествувале во нападот во Медицинскиот центар.
Полицијата презема мерки за утврдување на сите учесници и целосно расчистување на случајот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

