Црна хроника
Полицаец тепал човек оти го пријавил градоначалникот на Карбинци за физички напад
Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против полицискиот службеник Т.Д. (45) од Штип и Љ.А.(52) сопственик на приватна фирма, поради сомнение дека сториле кривично дело – “мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување“.
Имено, на 19 јануари, околу 18.15 часот, во службена просторија во Полициската станица од општа надлежност Штип, пријавениот Т.Д. при преземање на службени активности и Љ.А. по претходна согласност полицаецот, со употреба на сила и закана над оштетениот Х.Г. од штипското село Козјак, се обиделе да го присилат да се откаже од претходно поднесена пријава за физички напад врз него, извршен од страна на В.Б. градоначалник на Општина Карбинци.
Веднаш по настанот, од командирот на полициската станица, телефонски е известена службата за внатрешна контрола, дека при пријавување на физички напад од страна на граѓанинот Х.Г. кај полицаецот, истиот бил повикан во друга канцеларија од страна на полицискиот службеник Т.Д.
По кратко време, од канцеларијата во која биле присутни и В.Б., градоначалник на општина Карбинци, Љ.А. директор на фирмата „Дрво Декор“, и полицискиот службеник Д.Т., оштетениот Х.Г. почнал да вика и да бара помош.
При обидот да влезат во просторијата, останатите полициски службеници биле спречени, но по известувањето на командирот и на негова наредба, Гигов е предаден на полицаецот. По ова, Х.Г. пријавил дека полицаецот Т.Д. и лицето Љ.А. го тепале со клоци со цел да ја повлече веќе поднесената пријава за физички напад против В.Б.
Заради целосно расчистување на настанот, во натамошните активности се вклучи и СВКПС, при што од извршениот увид во евиденциите и документацијата на полициската станица и од разговорите со полициските службеници кои за време на настанот биле во полициската станица во целост се потврдени наводите во пријавата.
Покрај кривичната пријава, СВКПС изрече задолжителна мерка до Началникот на СВР-Штип, против полицискиот службеник Т.Д. – согласно одредбите од Колективниот договор на МВР – да поднесе предлог за утврдување на дисциплинска одговорност пред надлежната Комисијата за утврдување на дисциплинска одговорност и до завршување на постапката Т.Д. да биде отстранет од работното место и од Министерството.
Истовремено, изречена е и задолжителна мерка, поведување на постапка за утврдување на дисциплинска одговорност до надлежната Комисија и против полицискиот службеник Д.Т., со оглед дека бил присутен во канцеларијата но не презел мерки за заштита на граѓанинот Х.Г./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

