Црна хроника
Измамил Словенка злоупотребувајќи го името на Тоше Проески
Прилепчанец ланскиот октомври лажно претставувајќи се како еден од организаторите на манифестацијата на ултра маратонот што традиционално се трча во чест на прерано починатата македонска и општобалканска пејачка ѕвезда Тоше Проески, успеал да измами државјанка на Словенија, за што е кривично пријавен за делото „измама“
Според документираните сознанија од истрагата, пријавениот даден со иницијали З.А од Прилеп на 16-ти октомври 2102 година престојувал во Крушево за време на манифестацијата „Ултра маратон Тоше Проески -2012“ кој се трпша секоја година од Нова Градишка во хрватска, каде што трагично згасна животот на македонската нега ѕвезда, до неговото родно Крушево, и притоа се запознал со државјанка на Словенија.
Пријавениот невистинито претставувајќи се и“ кажал дека, покрај тоа што пред пет години учествувал на маратонот, бил и еден од членовите на Организациониот одбор на маратонот, при што се „пожалил“ дека Организациониот одбор на манифестацијата се соочува со финансиски проблеми и дека не може да ги покрие трошоците на маратонот.
Оштетената којашто била доведена во заблуда во еден момент му ставила нешто во џебот на З.А., односно му кажала дека во џебот ставила пари кои тој, според нејзината намера, требало подеднакво да ги подели на учесниците на маратонот како подарок од фановите на Тоше Проески од Словенија.
Пријавениот по средбата заминал во тоалет ги извадил парите од џебот и видел дека има 1.600 евра (11 банкноти од по 100 евра и една банкнота од 500 евра), а потоа околу 15 часот заминал од Крушево. Истиот ден дошол во Скопје заедно со негови другари на фудбалскиот натпревар Македонија – Србија.
Оштетената којашто во меѓувреме се распрашала во Крушево, дознала дека нема такво лице во Организациониот одбор на манифестацијата и дека парите не се поделени на учесниците на маратонот, по што веднаш побарала од директорот на Фондацијата „Тоше Проески“ да ја пријави измамата во полиција.
Додека пријавениот престојувал во Скопје му се јавил татко му кој му кажал дека дома го побарале полициски службеници, по што овој сфатил оти измамата е откриена и, според неговиот исказ даден во поливијата , во револт од тоа ги запалил сите банкноти евра, односно сите 1.600 евра. Меѓутоа, откако со него бил извршен разговор во полицијата во Прилеп, тој се согласил да врати дел од парите, односно вратил 1.200 евра, кои со потврда за вратени предмети и се вратени на оштетената гостинка од Словенија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.