Црна хроника
Нападнат поради амблем на српската војска
Кумановската полиција го приведе и поднесе кривична пријава против 33-годишниот А.Д. од кумановско Черкеско село, откако нападнал лице кое носело јакна со амблем на војската на Република Србија.
Инцидентот се случил во неделата околу 05:20 часот. Пријавениот на бензинската пумпа „Твинс Петрол“ го забележал 24-годишниот М.Н. од селото Љубодраг, облечен во јакна со амблем на српската војска и започнал вербална расправија со него. При обидот М.Н. да влезе во своето возило, А.Д. со кундак од пиштол удрил по возилото, а потоа со нож го исекол амблемот од јакната на нападнатиот.
Полицијата изврши и претрес во домот на напаѓачот, каде е пронајден и одземен пиштол. Пријавениот во полициската евиденција минува за сторено кривично дело „насилство“. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

