Црна хроника
304 санкции за брзо возење

Во вчерашната акциска контрола од страна на МВР за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената биле казнети 304 возачи.
Од нив, како што соопшти полицијата, седум возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а пет се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа 144 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 160 надвор од населено место.
Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претреси во Скопје поради приредување на игри на среќа без лиценца

Полициски службеници од Бирото за јавна безбедност – Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за компјутерски криминал и дигитална форензика, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје во соработка со Управата за јавни приходи, а по насоки на ОЈО Скопје и добиени наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, во текот на вчерашниот ден 08.8.2022) извршија претреси на две локации во Скопје кај еден правен субјект и едно физичко лице поради основано сомнение за сторено кривично дело приредување на игри на среќа без лиценца, односно дозвола од надлежен орган по чл. 156 од Законот за игри на среќа и забавни игри.
При претресот во правниот субјект биле затекнати 17 лица кои работеле како оператори за комуникација со играчи на кои им се приредува спортско и друг вид обложување и други видови игри на среќа. При тоа, одземени се компјутери и компјутерска опрема, како и документација поврзана со нелегалното работење на правниот субјект. При претресите исто така се пронајдени и одземени 103.545 евра, 400 долари и 100 фунти, лични документи, празна рамка од пиштол, мобилни телефони и компјутерска опрема користена за вршење на кривичното дело.По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното обвинителство.
Црна хроника
Воз удри во мигрант кај Романовце

Воз удри во мигрант на пругата во близина на Железничка станица Романовце.
Според информациите, несреќата се случил вчера утрото додека возот сообраќал на релација Скопје-Табановце, при што удрил во едно лице мигрант, кое се движело со уште три лица мигранти по и покрај пругата. Возот застанал на местото на незгодата, но мигрантите избегале. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.
Црна хроника
90 казни за непрописно престигнување

Денеска (9.8.2022) во периодот од 7:00 до 11:00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола за санкционирање возила кои непрописно престигнуваат на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 90 возачи. Од нив, 29 на територијата на СВР Тетово, 21 на територија на СВР Охрид…
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.