Црна хроника
Каменувана „двојка“ во Влае
Група на млади лица во петокот вечерта каменувала автобус на ЈСП кој сообраќал на линија бр.2 во правец кон населбата Ѓорче Петров, при што се скршени две странични стакла.
Инцидентот се случил околу 20,00 часот, во Скопје на бул.„Партизански Одреди“ на автобуска постојка во населбата Влае.СВР Скопје презема мерки за пронаоѓање на сторителите. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Прегазен пешак во Битола: со тешки повреди е пренесен во болница
Вчера во 20:18 часот во СВР Битола е пријавено дека на улицата „Новачки пат“ во Битола, патничко возило „ауди“ со битолски регистарски ознаки, управувано од В.А.(44) од Битола, удрило во пешакот С.П.(62) од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
Црна хроника
Измамен маж од Тетово: дал 2.000 евра за документи во странство, но не ги добил
Вчера во 11:20 часот во СВР Тетово, 44-годишник од Тетово пријави дека бил измамен од едно лице од гостиварско за сума од 2.000 евра.
Според пријавеното, во јули 2024 година тој стапил во контакт со лицето и се договориле да му посредува за документи во странство, по што ги дал парите на неговиот внук.
Како што е пријавено, откако не ги добил документите, а ниту му биле вратени парите, сфатил дека бил измамен и го пријавил случајот. Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.
Топ
Загина маж во пожар во стан во Тетово: со изгореници се здобило уште едно лице
Вчера во 19:20 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улицата „180“ во Тетово настанал пожар во стан, сопственост на 76-годишниот О.С. од Тетово, кој починал на местото на несреќата.
Лекар констатирал смрт, извести МВР.
При обид да го изгаси огнот, со изгореници се здобил неговиот син М.С.(51) од Тетово, кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување на лекарска помош.
Од Територијалната противпожарна единица Тетово пожарот е изгаснат. Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Тетово.

