Црна хроника
Убиен сопственик на менувачница во Драчево
Сопственик на менувачница во понеделник вечерта околу 19.50 часот бил пронајден мртов пред својата менувачница во скопската населба Драчево, на улица Славка Димковска, соопшти МВР.
Безживотното тело на педесет и петгодишниот Зоран Сачевски го пронашол неговиот син пред неговата менувачница „Зoлит трејд“и веднаш го пренел во поликлиниката во Драчево. Сачевски бил застрелан со огнено оружје на десната слепоочница. Во поликлиниката единствено била констатирана смрт.
Полицијата изврши увид и на местото на несреќата била подигната една чаура. По наредба на истражен судија телото е предадено на обдукција, а полицијата работи на расчистување на случајот. Сè уште не се знае дали станува збор за грабеж./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

