Црна хроника
Страшно злосторство во САД: Баба си ги убила внуците, па се самоубила
Телата на 47 годишната Дебра Денисон и нејзините внуци, двегодишниот Алтон Пери и шестмесечниот Аштон Пери, пронајдени се во вторникот навечер во автомобил паркиран во Престон, на југоистокот на Конектикат.
Според тврдењето на полицијата, бабата ги земаја двете внучиња од градинка и наместо да ги одвезе дома, со автомобилот се упатила на другиот крај на градот и ги убила двете деца, а потоа се самоубила. Полицијата наредила обдукција за да ги утврди причините за смртта.
Семејството тврди дека 47 годишната жена боледувала од биполарно пореметување и некои други психички болести. На двегодишниот Алтон на денот на убиството му бил роденден, а бабата требало да го одвезе дома, каде што родителите го чекале со подароци и торта. /крај/ин/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

