Црна хроника
Ранет сопственик на златарница во „Буњаковец“
Двајца напаѓачи вооружени со пиштоли вечерва околу 19 часот влегле во златарницата Циркон-2 во трговскиот центар во Буњаковец во Скопје со намера да ја ограбат.
Според првичните информации, еден од разбојниците испукал куршум од пиштолот при што го погодил сопственикот на златарницата во пределот на ногата.Разбојниците веднаш побегнале од местото, а повредениот сопственик бил префрлен во Градската општа болница и според неофицијалните информации, неговата состојба е стабилна. Истрелите ги вознемириле граѓаните кои живеат во близина на трговскиот центар Буњаковец.Увидот е во тек, по што се очекува да биде соопштено дали нешто е одземено од златарницата.Ова е втор вооружен напад на сопственик на златарница во Скопје за три дена. Сопственик на менувачница во понеделник вечерта околу 19.50 часот беше пронајден мртов пред својата менувачница во скопската населба Драчево /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
По расправија за паркинг во Карпош, ѝ се заканувал со остар предмет на 19-годишна девојка
По расправија за паркинг во Карпош, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет на 19-година девојка.
Вчера, во 18:00 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(19) од с.Ново Село, скопско, пријави дека во 15:00 часот на паркинг на подрачјето на Карпош, по претходно недоразбирање за паркинг место, едно лице ѝ се заканувало со остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/илустрација
Црна хроника
Пријава против 40-годишник за напад врз две малолетнички во Пробиштип
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против А.Ј. (40) од Злетово поради постоење основи на сомнение за кривичното дело „насилство врз дете“.
Според пријавата, на 07.11.2025 во Пробиштип, пријавениот физички нападнал две малолетнички.
Црна хроника
Ограбена жена на улица во Чаир
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, С.Б.(55) од село Кучевиште, скопско, пријавила дека е ограбена на подрачјето на Чаир.
Според информациите на МВР, жената пријавила дека завчера околу 15:30 часот на подрачјето на Чаир, едно лице од чантата ѝ го одзело паричникот со пари и лични документи.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

