Контакт

Црна хроника

МВР апелира за смирување на страстите, 18 приведени по петочните инциденти

Објавено пред

Министерството за внатрешни работи во попладневните часови во петок на поширокото подрачје од Скопје регистрираше низа инциденти во кои поголем број лица, меѓу кои и малолетници се здобија со повреди, а беше предизвикана и материјална штета.

dobivaj vesti na viber

Инцидентите започнаа на протестот организиран од страна на здружение на граѓани пред Владата, а завршија со повеќе физички напади над лица на возраст од 13 до 28 години за кои во моментов сеуште не може да се потврди дека станува збор за одмазда за претходните инциденти.

Околу 16:15 часот, поголема група на млади лица маскирани со шалови, со капуљачи на главите почна да фрла шишиња, камења, парчиња од бекатон и други тврди предмети при што беа запалени и фрлени кон објектот на Владата пиротехнички средства кои паднаа на платото при што немаше никакви оштетувања ниту повредени полициски службеници. Околу 16:45 беше запалено и националното знаме на Република Албанија, при што дел од насобраната толпа се повлече и си замина, а едно лице од останатите се оддалечи кон семафорите на крстосница бул. „Илинден” со бул. „Климент Охридски” фрлајќи со тврди предмети кон униформираните полициски службеници. При обидот да биде приведен и останатите учесници започнаа да фрлаат предмети кон полицијата.

Во овие инциденти беа повредени седум полициски службеници, а оштетени едно комбе, едно теренско возило и девет штитови на полицијата. Благодарение на интервенцијата, масата беше потисната до почетната позиција пред објектот на Владата, при што истите со канонада од камења, цигли и други тврди предмети беа повредени уште тројца полициски службеници.

Разбиената маса во поголеми групи од пред Владата се упати кон бул.,,ВМРО” објект „Тифани” и „Плоштад „Македонија” каде продолжиле со насилство и фрлање предмети при што е повреден уште еден полициски службеник. Критичната маса од плоштадот “Македонија” се растури во помали групи кои се разбегаа кон Транспортниот центар и населбата Аеродром. При бегањето извршени се неколку физички напади во кои што се повредени лица, а оштетен е и еден автобус на ЈСП и неколку возила.

Во вечерните часови пријавени се пет физички напади за кои се претпоставува дека се мотивирани од одмазда за претходните инциденти.

Околу 18:30 часот 18-годишно лице од Кавадарци пријавило дека на булеварот „Александар Македонски” пред АД „Алкалоид” без повод и причина, додека разговарал на телефон, му пришле пет до шест лица од зад грб и физички го нападнале удирајќи го со тупаници и клоци во пределот на главата и телото, при што му нанеле видливи повреди.

Околу 19:00 часот во Скопје на автобуската постојка Бит Пазар, спроти „26- Јули” пријавено е дека три млади лица, без повод и причина, физички биле нападнати од група засега непознати лица со клоци и тупаници а напаѓачите избегале во непознат правец. Инцидент е пријавен и на последната автобуска постојка на автобусот бр. 45 спроти амбулантата каде од страна на 10-15 лица физички било нападнато 16 годишно момче кое било удирано со шипки по главата и телото.

Околу 22:10 часот кај старата општина во населбата Бутел од страна на две машки лица било нападнато 13 годишно момче од населбата.

Од Градската Општа Болница е пријавено дека кај нив се донесени две момчиња на возраст од 15 години кои според нивните тврдења биле физички нападнати од пет до шест лица кај Камениот мост (од страната на Старата скопска чаршија).

Со интервенција на полицијата досега се приведени 18 лица, од кои дел се малолетни. Истите се спроведени во неколку полициски станици и по целосно документирање на случаите ќе бидат процесуирани соодветни кривични пријави и истите ќе бидат изведени пред надлежен суд. Меѓу приведените се и две лица од Прилеп и Скопје кои се јавуваат како организатори на вчерашниот протест.

Исто така во текот на денот, пред одржувањето на протестите беа регистрирани и два други инциденти.

Во првиот на крстосницата од улиците “Самоуилова” и “Лазар Личеноски” две момчиња од Штип пријавиле дека биле физички нападнати од пет до шест лица и удирани со разни предмети. Во вториот случај 16 годишно момче на булеварот “Крсте Мисирков”, спроти „Прокредит банка”, без повод и причина било извлечено од автобус бр. 65 и физички нападнато од страна на четири лица по кои во моментов се трага.

МВР апелира на смирување на страстите бидејќи против сите коишто ќе продолжат со насилство ќе бидат преземени најостри мерки. /крај/мф/ач



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Нападнати деца на училиште, во автобус, градинка – во Скопје пријавени повеќе случаи на насилство со малолетници за еден ден

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден во полицијата биле пријавени неколку случаи на физички напади, најголем дел врз малолетни лица, кои се случиле на различни локации во главниот град. Надлежните служби преземаат мерки за расчистување на сите случаи.

dobivaj vesti na viber

Напад во автобус на ЈСП

Татко пријавил дека вчера неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници од селото Батинци, додека се возел во автобус на Јавното сообраќајно претпријатие на подрачјето на Драчево.

Младо момче нападнато од малолетници

Дваесет и шест годишниот С.Т. Зелениково пријавил дека околу 23:10 часот, во паркот во село Пакошево бил физички нападнат од двајца малолетници, кои употребиле тврд предмет. Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Инцидент во средно училиште во Центар

Во 21:15 часот, Ж.П. (47) од Скопје пријавил дека околу 12:00 часот, во двор на средно училиште на подрачјето на Центар, неговиот 16-годишен син бил нападнат од друг ученик.

Напад во градинка во Чаир

Во 13:00 часот, Н.Ќ. (49) од с. Страхојадица, општина Зелениково, пријавил дека околу 12:30 часот, во двор од градинка на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку други малолетници.

Напад во Кисела Вода

Во 22:30 часот, Н.Ц. (46) од Скопје пријавила дека околу 20:30 часот, нејзиниот 15-годишен син бил физички нападнат од женско лице на подрачјето на Кисела Вода.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека за сите случаи се преземаат мерки за расчистување.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Возило удри во 7-годишно девојче во Куманово, со повреди донесено на Клиника

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден на булеварот Октомвриска Револуција во Куманово, автомобил „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки удрил во седумгодишно девојче од Куманово.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти МВР, возилото го управувала 23-годишната С.В. од Куманово.

Во несреќата девојчето се здобило со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Увид на местото на несреќата извршила полициска екипа.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

(Фото) Експлозија во куќа во охридско, тешко повредено едно лице

Објавено пред

Од

Едно лице е повредено во експлозија што се случила денеска во охридското село Велгошти, информира територијалната противпожарна единица Охрид.

dobivaj vesti na viber

„Во текот на денешниот ден ТППЕ Охрид , интервенираше на санирање на последиците од разорна експлозија во куќа во Охрид,с.Велгошти. Експлозијата е предизвикана од зголемена концентрација на гасови ( плин ) и останати фактори, кои допринеле за високо ниво на експлозивност. Благодарение на брзата реакција на пожарникарите спречено е и опожарување на објектот. Повредена е и 1 жена која е преземена од екипите на брза помош“, соопшти противпожарната служба.

Од полицијата соопштија дека пожарот се случил околу 11 часот и дека тешко е повредена 44-годишна жена.

„На 06.02.2026 година во 10.58 часот, во СВР Охрид е пријавено дека избувнал пожар во куќа во охридското село Велгошти при што, Е.Т.Ѓ.(44) од истото село се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид. Интервенирала Територијалната противпожарна единица од Охрид. Се преземаат мерки за утврдување на причините за пожарот“, соопшти СВР Охрид.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Најдоцна до јуни реконструкција на владиниот кабинет, Ковачки е нов генерален секретар на партијата, соопшти Мицкоски

Денес заседаваше Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на кој беа донесени важни одлуки за понатамошното јакнење и модернизација на партијата, истакна...

Македонија9 часа

Полицајци, наставничка и пожарникар земале пари од граѓани за да им средат побрзо да извадат лични документи

Двајца полицајци, наставничка и пожарникар се осомничени за примање поткуп и примање награда за противзаконито влијание односно за пари овозможувале граѓаните...

Македонија9 часа

Воени возила и дронови во Охрид и Радожда, од утре обука на специјалците од војската на Белгија

Од 07 до 20 февруари 2026 година, на подрачјето на Охрид и струшкото село Радожда, ќе се реализираат активности за...

Македонија10 часа

Студентите што студираат во странство или се прогласени за најдобри, ќе имаат предност за вработување на државните универзитети

Со поддршка од над 60 професори, засегнати институции и установи, претставници на студентите, стручни лица и експерти, Министерството за образование...

Економија10 часа

Угостителите во Македонија за една година ги поскапеа цените за 3,4 проценти

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2 проценти во однос на претходниот месец. Во споредба...

Македонија12 часа

СДСМ: Нема одговор како 5 тони дрога поминале преку граница

Нема одговор како 5 тони дрога поминала преку граница – има вистина дека ВМРО го овозможи бизнисот со канабис, велат...

Македонија12 часа

„Да се забрани производство на марихуана за наводни медицински цели“, бара Демократскиот сојуз

Демократскиот сојуз бара Парламентот на Македонија по скратена постапка да донесе измена на законите со кои ќе се забрани производство...

Свет13 часа

Лавров: Москва е во таен контакт со некои европски лидери, тие бараат разговорите да останат тајни

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, изјави дека Москва е во таен контакт со некои европски лидери и...

Македонија13 часа

Поднесена кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат полицајци на протестот за возачките дозволи

Независниот полициски синдикат поднесе кривична пријава против две лица од Битола кои се закануваа дека ќе убиваат луѓе на протестот...

Свет14 часа

Објавени пораки меѓу поранешниот норвешки премиер и Епстин, започната е истрага

Поранешниот норвешки премиер Торбјорн Јагланд е под полициска истрага поради сомнение за сериозна корупција поврзана со неговите врски со покојниот...

Свет15 часа

Трамп ја претстави TrumpRx: Нова платформа за поевтина набавка на лекови во САД

Американскиот претседател Доналд Трамп во четврток ја претстави TrumpRx.gov, нова онлајн платформа што ќе им овозможи на американските потрошувачи да...

Регион15 часа

Турција ќе приватизира два клучни моста во Истанбул

Турција ја ангажираше консултантската фирма Ernst & Young LLP да ја води приватизацијата на два клучни моста во Истанбул и...

Свет15 часа

Аргентина бара од САД да го екстрадира Мадуро

Аргентински судија во среда побара од Соединетите Американски Држави да го екстрадираат поранешниот венецуелски претседател Николас Мадуро, кој беше заробен...

Европа15 часа

„Старлинк“ е блокиран за Русите, Украина: Бројот на напади веднаш се намали

Руските сили го намалија бројот на напади на фронтот откако Украина и SpaceX постигнаа договор за блокирање на нерегистрираните сателитски...

Свет15 часа

(Видео) Нов американски напад врз брод за дрога, двајца убиени

Американската војска соопшти дека во четвртокот нападнала друг брод во источниот Тихи Океан, за кој тврди дека превезувал дрога, при...

Економија1 ден

Владата предложи покачување на платите за администрацијата до 40 отсто, со почетно зголемување од 8 проценти од април

Премиерот Христијан Мицкоски, изјави дека денешната средба со Синдикатот на УПОЗ била конструктивна и дека на маса е предлог за...

Македонија1 ден

Воведување ред во државата, реализација на реформската агенда: Мицкоски порача дека годинава нема да има избори

„Ќе имаме можност да отпочнеме еден циклус на средби, односно брифинзи со претставници на земјите членки на Европската Унија, кои...

Македонија1 ден

(Видео) Филипче: СДСМ има решение за 600 евра плата, помалку луксуз – поголеми плати за работниците

Стандардот на работниците практично е срозен изминатите две години. Соочени сме со ситуација во којашто владата на ВМРО и ЗНАМ...

Македонија1 ден

62-годишен маж од Тетово починал по компликации од грип, соопшти ИЈЗ

Минатата недела во периодот од 26 јануари до 1 февруари во Македонија е регистриран уште еден случај на починато лице...

Македонија1 ден

Во следните 15 дена платете го данокот на имот за 2022, 2023, 2024 и 2025 година, апелира Ѓорѓиевски кој веќе блокираше 15.000 сметки за неплатен данок од 2021 година

Близу 20 милиони евра по основ данок на имот за изминатите четири години должат на Град Скопје граѓаните и компаниите....