Црна хроника
Вкупно 21 мигранти за една недела се обиделе да влезат во Македонија
Вкупно 21 мигранти во четири наврати минатата недела се спречени илегално да влезат во Македонија, информираат од Царинската управа.
Еден случај е откриен во јавен царински склад во Куманово, каде при отворање на товарниот дел на турски камион, биле пронајдени 5 лица – илегални мигранти. Веднаш била известена царинската испостава Куманово, од каде бил испратен царински службеник.
По евидентирањето на случајот, мигрантите биле предадени на МВР за понатамошна постапка.
Три одвоени случаи се откриени на железничката станица Гевгелија, при контрола на контејнери натоварени на товарни возови што сообраќале на релација Грција-Австрија и Грција-Германија.
Во првиот случај при контрола на затворен контејнер, натоварен со сокови од зеленчук биле откриени двајца илегални мигранти, државјани на Авганистан.
Во вториот случај при контрола на два контејнери со церада, едниот натоварен со батерии а другиот со сокови од зеленчук, биле пронајдени 6 илегални мигранти, од кои двајца државјани на Авганистан и четворица државјани на Сирија.
Во третиот случај, биле откриени вкупно 8 илегални мигранти, од кои три лица државјани на Авганистан и 2 лица државјани на Пакистан, биле пронајдени во контејнери со церади, натоварени со алуминиумски профили, додека во еден контејнер пломбиран со фалсификувана бродска пломба, биле пронајдени уште тројца државјани на Пакистан.
Во сите случаи, мигрантите не поседувале документи за идентификација, а националноста е утврдена според нивните изјави. /крај/мф/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена пријавила дека партнерот ја нападнал и ѝ го одзел телефонот, оштетено и нејзиното возило во Кисела Вода
Вчера околу 20:50 часот, 31-годишна жена пријавила во полицијата дека била физички нападната од нејзиниот партнер Љ.З. во неговиот дом на подрачјето на Кисела Вода.
Според пријавата, тој ѝ го одзел мобилниот телефон, ја нападнал, ѝ упатил закани користејќи остар предмет, а подоцна и го оштетил нејзиното возило со тврд предмет, додека било паркирано во дворот.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Фирма од Велес оштетена за над 21.000 евра преку фалсификувана електронска фактура
На 3 февруари 2026 година, во 07:15 часот, 60-годишна жителка на Велес пријавила во СВР Велес дека фирмата каде што работи е оштетена за 21.111 евра.
Според пријавата, компанијата извршила уплата на средства врз основа на фактура испратена од деловен партнер. Но, по добиена порака преку електронска пошта дека уплатата не била реализирана, фирмата стапила во контакт со банката и партнерот. Тогаш било утврдено дека оригиналната фактура била пресретната, фалсификувана и пренасочена, по што средствата биле уплатени на туѓа сметка.
Од Министерството за внатрешни работи велат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.
Црна хроника
Автомобили се судрија на патот Куманово-Скопје, едно лице тешко повредено, возачот бил без дозвола
На 3 февруари 2026 година, околу 10:55 часот, на регионалниот пат Куманово–Скопје, во селото Љубодраг, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила со кумановски регистарски таблички.
Според информациите од СВР Куманово, се судриле „ауди“, управувано од М.А. (47) од селото Љубодраг, и „шкода“, со која управувал Б.С. (51) од Куманово. Во несреќата тешко телесно бил повреден возачот на „шкодата“, додека полесни повреди добиле неговите сопатници Т.Р. (49) од Куманово и М.Ј. (49) од селото Черкези, како и возачот на „аудито“ и неговата сопатничка О.Ц. (45) од Куманово.
При увидот на местото на несреќата било утврдено дека едниот од возачите, немал возачка дозвола. Од полицијата најавија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

