Црна хроника
Вработени во битолската пошта приведени за кражба
Битолската полиција поднесе кривични пријави за двајца вработени во поштата во Битола, 37-годишен контролор идентификуван како М.К и 56-годишниот В.З. главен благајник, за основано сомнение дека сториле кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, коишто се товарат дека од февруари минатата 2012 година до 23 јануари годинава меѓусебно си исплаќале пари во готовина во повеќе наврати, и тоа поголеми износи.
„На почетокот на 2012 откако дознал дека второпријавениот има кусок во благајната во која работи, во вкупен износ од 782 908 денари, наместо истото да го констатира со записник согласно неговите работни обврски, првопријавениот ја искористил наведената состојба, при што му биле исплатени 802.500 денари за што второпријавениот изготвил расписки на кои првопријавениот се потпишувал”, рече портпаролката на СВР Битола Магдалена Димитровска.
Како што појасни поврзаноста меѓу прво и второпријавениот траел речиси 12 месеци, откако кога првопријавениот на второпријавениот му побарал исплата на парични ланскиот февруари, но исплатата не запрела само на тоа.
„Исто така по основ на чекови му исплатил вкупно 150.566 денари кои првопријавениот му ги давал на второпријавениот. кој за да го сокрие тоа, истите ги прикажувал во ставката ситни пари, со што второпријавениот се стекнал со имотна корист во вкупен износ од 953.066 кои заедно со кусокот од 782.908 денари направен од второпријавениот предизвикале штета на АД Македонска пошта во вкупен износ од 1.735.974 денари”- додаде Димитровска
За овој случај во СВР Битола пријавила внатрешната контрола на поштата, додека на случајот со тешката кражба на сефот пријавена во понеделникот полицијата сé уште работи на расветлување на случајот. На двајцата приведени истражен судија им одреди триесетдневен притвор./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Велешанец приведен со 1,62 промили алкохол, нападнал и полицаец
Полициски службеници од СВР Велес ноќеска во 02.10 часот го лишиле од слобода 49-годишниот М.Н. од Велес откако при контрола на ул. „Благој Ѓорев“ утврдиле дека вози со 1,62 промили алкохол во крвта. Откако бил приведен нападнал полициски службеник.
Како што денеска информираат од СВР Велес, при сообраќајна контрола било сопрено патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, што го управувал М.Н. и по преземени мерки било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,62 промили алкохол во крвта. Тој бил приведен во полициска станица, каде физички нападнал полициски службеник. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настаните, против него ќе бидат поднесени пријави по член 297-а и 383 од Кривичниот законик за „безобѕирно управување со моторно возило“ и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“, најавија од СВР Велес.
Црна хроника
Почина малолетник, со мопед удрил во бетонски столб
Малолетник починал откако со мопед удрил во бетонски столб во неготинско Тимјаник, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Денеска во ОВР Неготино е пријавено дека во 00:50 часот, во село Тимјаник, неготинско, мопед „лонгија“ со неготински регистарски ознаки, управуван од 17-годишник од село Тимјаник, удрил во бетонски столб. Од здобиените повреди, на местото на настанот починал возачот, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош Неготино. Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино, соопштија од СВР Велес.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот малолетник било дадено на обдукција.
Црна хроника
Возач на ауди прегази полицаец и избега
Инцидент се случи вчера во Тетово, кога 28-годишниот Е.А. од село Порој со своето возило „ауди“ удрил во полициски службеник кој се обидел да го запре.
Настанот се случил околу 12:50 часот на кружниот тек кај улиците „Илинденска“ и „Маршал Тито“. Возачот одбил да застане на знакот „стоп“, го удрил полицаецот и избегал, но набрзо бил пронајден и уапсен. На повредениот службеник му е укажана помош во Клиничката болница Тетово.

