Црна хроника
Татко си ја убил ќерката, па се самоубил
Тетовец во среда вечерта си ја убил ќерката, па се самоубил, соопштуваат од СВР Тетово.
Педесет иедногодишниот Ќ.Б. вечерва околу 19 часот ја застрелал својата дваесет иседумгодишна ќерка поради љубовна врска којашто тој не ја прифаќал, па потоа се самоубил. Убиството и самоубиството го извршил со пиштол што го поседувал со дозвола во нивниот дом во приградската тетовска населба Мала Речица.
Најпрвин почнала жестока расправија, а караницата кулминирала кога таткото извадил пиштол и со два куршуми ја застрелал ќерката, а потоа си пукал во глава. кога се случила трагедијата во куќата имало уште тројца членови од семејството, но не можеле да ги спречат убиството и самоубиството. не претпоставувало дека караницата ќе заврши крваво и се се одвивало премногу близу.
Според првичните информации, семејството работело во Швајцарија, ќерката пристигнала дома пред два дена, а таткото заедно со сопругата пристигнале во денеска.
На местото на трагедијата се врши увид и се работи на откривање на причините. Подигнати се три чаури, а пиштолот е предаден за вештачење./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Гостивар, пронајдена дрога, уапсен 26-годишник
Вчера во 20:30 часот на улицата „Илинденска“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода 26-годишниот Х.Д. од Гостивар затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Потоа, врз основа на наредба од Основен суд Гостивар, бил извршен претрес во неговиот дом, при што, исто така, била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен бегалец од затвор, спроведен е во „Идризово“ за доиздржување на казнатa
Денеска во 09:15 часот на булеварот „Кочо Рацин“ во Скопје, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка го лишија од слобода 25-годишниот А.Ј. од Гостивар, кој бил баран со потерница по судска наредба поради бегство од Затворот Идризово.
А.Ј. е осуден на затворска казна од пет години и еден месец, поради сторени кривични дела по членовите 236 и 215 од КЗ.
Тој ќе биде спроведен во Затворот Идризово за доиздржување на казната.
Црна хроника
Уапсен кумановец, возел со 2.09 промили алкохол во крвта, возилото му е одземено
Денеска (03.02.2026) во 17:30 часот на автопат Куманово-ГП Табановце полициски службеници од Мобилна единица за безбедност на сообраќајот на патиштата го лишиле од слобода Б.Ѓ (35) Куманово.
Имено, при контрола полициските службеници сопреле моторно возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал Б.Ѓ. и по извршен алкотест било констатирано дека возачот е под дејство на алкохол, односно дека управува моторно возило со 2,09 промили алкохол во крвта.
Б.Ѓ. е лишен од слобода и е задржан во полициска станица за понатамошна постапка, а возилото е одземено.

