Црна хроника
Основен суд Скопје 1: Истражниот судија во случајот Младенов постапил законски
Истражниот судија кој бил на местото каде што се случи сообраќјната несреќа во која загина новинарот и сопственикот на весникот Фокус, Никола Младенов во целост постапил според законите, вели Портпаролот на Основниот суд Скопје 1, истражниот судија Владимир Туфегџиќ за Макфакс,по текстот во „Нова Македонија“ дека истражниот судија задолжен да ја спороведува истрагата предвреме го напуштил местото на несреќата.
„Тој ги дал потребните наредби на лице место, го повикал јавниот обвинител да дојде на лице место дал наредба за вештачење на возилото и за обдукција“, вели Туфегџиќ.
Од друга страна, весникот пишува дека истражниот судија не покажал голема заинтересираност за случајот. Тој не дал наредба што да се прави, ниту што да се земе како доказ. Сé што собрале истражителите од полицијата сработиле „на своја рака“.
Од Судот велат дека сé уште ги немаат добиено извештаите за вештачењето на возилото и официјалниот извештај од судска медицина. Од таму апелираат јавноста да се воздржи од шпекулации за оваа трагедија сé додека не заврши истрагта.
Според неофицијални информации, при анализата не е пронајдено алкохол во крвта на Младенов. Како што пишува весникот, сé уште не е најден ниту мобилниот телефон на Младенов, но не се исклучива тој да биде пронајден во остатоците на возилото кое се вештачи.
Четирите фискални сметки од патарините, две од „Сопот“ и две од „Отовица“, на автопатот Скопје – Велес, кои ги најдоа од Нова Македонија на местото на несреќата ги предале во полиција за да се утврди каде се движел „мерцедесот“ на Никола Младенов пред да се случи трагичната сообраќајка. Туфегџиќ не коментира како доказите останле на местото на несреќата по увидот, но порачува тие да се достават до надлежните институции.
„Јас доказите не ги коментирам, јас коментирам како постапил истражниот судија. Доколку некој смета дека имаат тежина на доказ, треба да ги достават до Јавното обвинителство, полицијата и истражниот судија и тие во меѓусебна координација ќе одлучат дали тоа што е пронајдено има вредност на доказ“, вели Туфегџиќ.
Сообраќајката се случи на 26-ти март вечерта на патот Велес – Скопје, на клучката кај Хиподром, пред главниот град.
Потрагата по телото на Младенов започна во средата во 9.30 часот откако неговата сопруга пријавила дека го нема.
Возилото „мерцедес“ беше извлечен дури во средата вечерта околу 20 часот, а телото на Младенов беше предадено во судска медицина за обдукција.
Според првичните информации, автомобилот ја пробил банкината на патот и излетал во ендек, но сé уште не се познати точните причини за сообраќајката./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

