Црна хроника
Кумановец ја застрелал поранешната девојка во двете потколеници

Кумановец во вторникот околу 14 часот ја застрелал со пиштол својата поранешна девојка во двете потколеници. Девојката поради повредите, од кумановската болница е префрлена на Клиниката во Скопје.
Триесет иседумгодишниот кумановец насилно ја внел во својот автомобил поранешната девојка во центарот на Куманово.
Ја однел на местото Менкова колиба, на патот село Пчиња – Куманово и по меѓусебна расправија испукал со пиштол неколку куршуми и ја погодил поранешната љубовница која е десет години помлада од него,во двете потколеници.
Кумановецот избегал, полицијата трага по него./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.