Црна хроника
Американските агенти го уапсија главниот дилер во Африка
Американските агенти за борба против криумчарењето дроги го уапсија поранешниот командант на морнарицата на Гвинеја Бисао кого САД го бараа како главен организатор на меѓународен шверцерски синџир, во операција спроведена крај брегот на западна Африка, соопштија за Reuters два извори блиски на акцијата.
КонтраадмиралотХозе Америко Бубо На Т’чуто кој учествуваше во неколку неуспешни воени удари во поранешната португалска колонија Гвинеја Бисао, е уапсен со уште четири лица во чамец во меѓународни води операцијата ја спровеле тајни агенти, додале соговорниците на агенцијата.
Поранешниот офицер бил пренесен на тајна локација во Зеленортската Република, а од таму ќе биде превезен во САД каде што ќе биде изведен пред суд.
На Т’чуто е еден од двете лица од Гвинеја Биао коишто американската влада во 2010 година ги прогласи за главни дилери вклучени во криумчарење на кокаинот од Јужна Америка. /крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

