Црна хроника
Притвор за лицата кои предизвикаа тепачката во „Св. Наум“
Охридската полиција во петокот соопшти дека поднела кривична пријава против А.Р.(29), Љ.Б.(24) и Н.Л.(21) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело “насилство“. На тројцата пријавени, истражен судија им одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
Со поднесената кривична пријава, опфатени се и А.К.(23) и Т.Б.(23) од Охрид а во врска со казненото дело “помагање сторител во извршено кривично дело“. На 01.05.2013 година, околу 17 часот и 30 минути во ресторанот „Острово“ во комплексот „Свети Наум“, сега притворениот А.Р. најнапред вербално а потоа и физички го нападнал Н.Р.(29) од Охрид удирајќи го со тупаници по целото тело, а подоцна со употреба на остар предмет му нанел повреди, расекотини по лицето и крвни подливи на главата. Во физичкиот напад и насилството веднаш се приклучиле и Љ.Б. и Н.Л. кои оштетениот го удирале со раце и нозе откако тој бил соборен и паднат на земја. За време на насилниот акт, пријавените А.К. и Т.Б. ги попречувале и ги отргнувале гостите во ресторанскиот комплекс во намерата да го спречат насилството и да му помогнат на повреденото лице. Откако избегале, пријавените продолжиле со насилничкото однесување и нарушување на јавниот ред и мир на „Св.Климент Охридски“ во централното градско подрачје а во ресторант на кеј „Маршал Тито“ извршиле оштетување на дел од инвентарот. Дел од пријавените лица се познати и осудувани сторители на повеќе казнени дела против кои и досега СВР Охрид поднесувала кривични и прекршочни пријави./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.