Црна хроника
Тринаесет години затвор за првообвинетиот за убиството на Јашари
Тринаесет години затвор доби првообвинетиот за убиството на матурантот Мухамедали Јашари, Петар Маневски кој е прогласен за виновен за нанесување тешка телесна повреда со смртни последици. Маневски е во бегство и казната затвор му е изречена во отсуство.
Стефан Гелов е осуден на четири месеци затворска казна за загрозување со опасно орудие при тепачка и караница, а во оваа казна му се пресметани и трите месеца притвор што веќе ги одлежа.
Судот ја запре постапката против малолетникот Доријан Тасев кој е прогласен за виновен за истото дело како и Гелов, а веќе издржува казна во траење од две години во малолетничкиот затвор во Охрид за тешка кражба и одземање моторно возило.
Родителите на убиениот матурант Мухамедали Јашари не се задоволни од пресудата и велат дека нивното чедо не може ништо да им го врати.
Максималната казна затвор за нанесување тешка телесна повреда со смртни последици е 15 години.
Матурантот Мухамедали Јашари загина во април 2011 година во дворот на скопското средно градежно училиште „Здравко Цветковски” во обид да му помогне на другарот кој се степал со тројцата обвинети.
Според обвинението, тројцата обвинети, Петар Маневски, кој е во бегство, Стефан Гелов и малолетниот Доријан Тасев, дошле во дворот на училиштето и се степале со Дарко Анчев за банални причини.
Маневски го удрил Мухамедали Јашари со камен во градите. Според Јавното обвинителство, причина за смртта е ударот од камен.
Малолетникот Доријан, се наоѓа во малолетничкиот затвор во Охрид, откако по тепачката во градежното училиште ја ограби куќата и го украде автомобилот на лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Петар Маневски, пак, е осомничен дека по инцидентот избодел момче во скопската населба Капиштец и од тогаш е во бегство.крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешко повредена струмичанка во сообраќајна несреќа на патот Валандово – Струмица
Денеска, околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот К.Т. од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од 30-годишната С.Д. од Струмица, соопшти МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија, додаваат од МВР.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
Тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник во полициските станици во текот на вчерашниот ден.
На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.
На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.