Црна хроника
31-годишен велешанец тешко повреден: со возилото излетал од патот
Утрово во 06.15 часот во СВР Велес било пријавено дека на автопатот А-1, делница Велес – Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од П.К (31) од Велес, излетало од коловозот.
Во несреќата, возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во болницата во Велес.
За настанот е известен јавен обвинител и по негово овластување, полициски службеници од СВР Велес извршија увид на местото.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
МВР поднесе кривична за жена од Делчево – нападнала дете додека си играло со нејзиниот внук
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Т.А. (64) од овој град поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство врз дете“, информираат од МВР.
Според информациите, на 6 февруари во двор од семејна куќа во Делчево, пријавената физички нападнала малолетник кој си играл со нејзиниот малолетен внук.
Црна хроника
Седум лица пријавени за измама по лажна пријава за сообраќајка во Тетово
СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Б. (20) од село Горна Речица, Н.М. (66) од село Мала Речица, И.И. (51) од Тетово, А.Р. (58) од Тетово, И.Р. (38) од село Градец, гостиварско и Н.М. (23) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“, како и против А.Б. (47) од Тетово поради сомнение за „помагање“ во врска со кривичното дело.
Според информациите од МВР, на 3 јуни 2025 година, прво- и второпријавениот, по случена сообраќајна незгода помеѓу две патнички возила, со намера да се стекнат со противправна имотна корист, посочиле дека како учесници во незгодата биле и третото, четвртото, петтото и шестото пријавено лице, иако тие не биле дел од настанот.
Седмопријавениот, според пријавата, ги советувал останатите како да постапат, односно да се упатат во Клиничка болница Тетово и да се пријават како учесници во сообраќајна незгода со цел да остварат паричен надомест.
Црна хроника
Пиштол и куршуми пронајдени кај жител на Зајас: поднесена кривична пријава
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Ф.З.(82) од селото Зајас, кичевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.
Имено, на 18.08.2025, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот во селото Зајас, при што биле пронајдени и одземени пиштол со калибар 9 мм и 38 куршуми со калибар 9 милиметри.

