Црна хроника
31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар
Вчера во 21.20 часот во СВР Скопје, 31-годишната С.Ј. од Скопје пријавила дека на 28.04.2024 околу 21.00 часот на работното место во спортска обложувалница на подрачјето на Центар била физички нападната од едно лице, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Сопружници влегле во училиште во Битола, таткото ја оттурнал наставничката и му се заканувал на ученик дека ќе го убие
Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против две лица – маж и жена, кои се осомничени дека во група извршиле грубо насилство врз дете родено 2009 година, со што сториле кривично дело насилство во согласност со член 386 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
Двајцата сопружници на 15 мај влегле во основно училиште во Битола, при што таткото физички ја оттурнал наставничката и директно нападнал еден од учениците, соученик на нивното дете, заканувајќи му се дека ќе го убие. Го фатил детето за уво, го настапил на ногата и го тегнел, а за тоа време неговата сопруга ја држела наставничката за да не може да му помогне и да го одбрани ученикот. Со насилството двајцата предизвикале чувство на несигурност и вознемиреност кај другите ученици, кои од страв, кога заминале осомничените, барале наставничката да ги заклучи во училницата за да не се вратат.
Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување куќен притвор за осомничениот татко.
Предлогот беше прифатен и на осомничениот му е определена притворска мерка.
Црна хроника
Поднесени две обвиненија за назначување директори на училишта во Струшко
Основното јавно обвинителство Струга поднесе два обвинителни предлога за кривични дела несовесно работење во службата од 353-в и продолжено кривично дело фалсификување исправа според член 378 од Кривичниот законик, а поврзани со работата на училишта на територијата на општина Струга.
Во првиот предмет обвинети се четири лица. Првообвинетата – наставник по француски јазик во основното училиште во Велешта – употребила три лажни јавни исправи како вистинити, кои ги искористила за полагање стручен испит во Државниот испитен центар. Другите тројца – градоначалникот на општина Струга, директорот и помошник-директорот на училиштето – ги прифатиле фалсификуваните документи во постапката за полагање стручен испит, вработување како наставник, но и за назначување на првоосомничената за в.д. директор на училиштето во периодот од 19.4.2022 до 6.9.2023 година.
Во вториот предмет обвинет е градоначалникот на општина Струга за кривично дело несовесно работење во службата од 353-в бидејќи донел решение со кое за в.д директор на основното училиште во селото Подгорци именувал лице што не ги исполнувало условите, односно немало работно искуство од најмалку пет години во воспитно-образовна работа, како што е предвидено во Законот за основното образование. Иако не ги исполнувало условите, лицето ја извршувало директорската функција во периодот од 11.11.2022 до 25.4.2023 година.
Црна хроника
Кривична пријава против тројца дилери на кокаин и марихуана
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против три лица од Кавадарци и Неготино поради постоење основи на сомнение дека сториле кривичното дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 од Кривичниот законик.
Имено, во периодот од јануари до април 2024 година лицата се здружиле за неовластена продажба и пуштање во промет марихуана и кокаин и за таа цел купувале, држеле, пренесувале, продавале и посредувале во неовластена продажба на дрога. За време на спроведувањето на криминалистичкото истражување обезбедени се материјални докази и утврдено е дека во наведениот период пријавените пуштиле во промет поголема количина кокаин и марихуана. Лицата ќе бидат спроведени пред судија за претходна постапка.