Црна хроника
Организирани групи незаконски ловеле риба на Преспанското езеро
Организирани групи незаконски ловеле риби на Преспанското езеро кое нема концесионер, а поднесени се пет кривични пријави против десет лица и и пет прекршочни пријави против пет други лица.
Акцијата била спроведена на копно, но и во водите на Преспанското езеро на потегот меѓу селата Долно Дупени и Наколец. Во езерото биле затекнати повеќе лица кои биле уапсени.
Групата со влакови, оски, харпуни незаконски ловеле риба, а потоа ја продавале на зелените пазари во Битола, Прилеп и Ресен и во угостителски објекти во Охрид и Струга.
Организираната група имала импровизирани складишта за риболовниот алат, фрижидери со свежа и замрзната риба.
При извршените претреси во домовите на уапсените запленети се три кајчиња, шест пенти, над 200 кг риба, преку 280 рибарски мрежи со должина од 14 километри наменети за криволов на јагула, белвица, грунци и друг вид на риба, материјал за изработка на мрежи и друга риболовна опрема./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.