Црна хроника
И' украла злато и ја лажела дека со него ќе и' ја растури магијата
Кавадарчанка и украла на струмичанка златни предмети во вредност од 18.000 денари и ја излажала дека и требаат да ја растури магијата што и била направена.
Измамничката ги завиткала златните предмети во хартија и и’ рекла на струмичанката дека ќе и ги врати за четири дена, но не и ги вратила никогаш.
Кога струмичанката сфатила дека е измамена, го пријавила случајот во полиција.Измамата се случила на 10 април, а против 27-годишната кавадарчанка е поднесена кривична пријава./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Две млади лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Дебарца
Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово во атарот на селото Ботун, во општина Дебарца, пришто животот го загубија момче и девојка на возраст од 22 и 21 година.
Според информациите од МВР, двајцата со „ауди“ излетале од патот.
„По преземени мерки, констатирано е дека, Ф.К.(22) возач на возилото и сопатничката Е.С.(21), двајцата од Кичево, починале на местото на настанот а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид“, соопшти полицијата.
Извршен е увид, а телата предадени на обдукција.
Црна хроника
Оштетени шест автомобили и приведено едно лице во Куманово за денот на албанското знаме
Вчера во периодот од 18.00 до 22.00 часот во централно градско подрачје на Куманово беше одржан ненајавен јавен собир по повод денот на албанското знаме. Притоа, полициски службеници го привеле Б.Џ.(20) од село Липково поради непочитување на наредба и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.
Исто така, за време на собирот биле оштетени шест патнички моторни возила, констатирани биле 20 мерки по закон за безбедност на сообраќајот на патиштата и една мерка од закон за возачка дозвола.
По целосно расчистување и документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Маж пронајден починат во својот дом во Кисела Вода
Вчера во 18.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат П.К.(57) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, на местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.