Црна хроника
Одземени патните исправи на момчињата кои нападнаа полицајци
Осумте момчиња од Велес што нападнаа полицаец на матурска забава во локал куртулија од притвор, јавува велешкиот портал Лисица.
Судијата што ги сослушуваше им изрече превентивни мерки за нивно обезбедување додека трае истражната пострапка. Сега тие не смеат да излезат од земјава, мораат да се пријавуваат кај надлежен орган, а судот им ги одзеде и патните исправи.
Момчињата сите на возраст од 18 до 23 години се осомничени за напад на полицаец што се случи пред пет дена на матурска забава во кафеана во трговскиот центар.
Тие го нападнале полицаецот откако тој по пријава на граѓани дошол во кафеаната да интервенира поради гласната музика. Полицаецот побарал помош од колегите во полициската станица, а кога тие пристигнале на матурската забава се случила тепачка во која настрадале тројца полицајци.
Петмина од момчињата ќе одговараат за напад на службено лице при вршење на службената работа, а останатите тројца за спречување на службено лице при вршење службено дејствие.
За напад на службено лице законот предвидува и затворска казна од една до десет години, а за спречување во вршење на службена должност од шест месеци до пет години./крај/лисица
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.