Црна хроника
Пијан охриѓанец ја пробил оградата кај Плаошник и нападнал полицајци
Пијан охриѓанец ја пробил заштитната ограда со автомобил во комплексот Плаошник и ги нападнал полицајците кои дошле да интервенираат, соопштуваат од МВР.
Обезбедувањето на комплексот синоќа дваесет минути пред полноќ пријавил дека непознато лице влегло во комплексот преку оградата со автомобил и најверојатно вршел ископување.
Охриѓанецот ја пробил заштитната ограда со „фолксваген“, а кога дошла полиција почнал да бега.
Полицајците му наредиле да застане, но тој почнал да фрла камења кон нив и бегајќи паднал во ископините. Потоа замавнал со раката, но не успеал да го удри едниот полицаец, а со нога го удрил другиот полицаец.
Полицајците успеале да го совладаат и го привеле. На охриѓанецот му било направено алкотестирање и било констатирано дека има 1,97 промили алкохол во крвта. Против него ќе биде поднесена пријава./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.