Црна хроника
Еден повреден, десетмина приведени во групна тепачка во Велес
Во групната тепачка којашто во петокот се случи во Велес, во заедничкиот двор на средните училишта „Димитрија Чуповски“ и „Кочо Рацин“, едно лице е повредено со нож а десет се приведени во полицијата.
Меѓусебното недоразбирање, средношколци од двете училишта, меѓутоа и повозрасни лица го расчистувале со употреба на метални предмети и нож. Училишното обезбедување најнапред се обидело да ја смири состојбата, но таа целосно била ставена под контрола откако пристигнала полицијата.
„Поради претходно меѓусебно недоразбирање се пресметале со употреба на метален боксирач и употребени се ножеви“, рече Ненко Александрив, портпарол на СВР Велес
Во тепачката едно лице се здобило со убоди од нож во левата дланка. Тоа е пренесено на лекување во градската болница.
„Раната е од средно тежок карактер, детето е згрижено во моментов е на одделението на хирургија“, рече Силвана Мишкова, портпаролка на Јавната здравствена установа Општа болница Велес.
Од полицијата велат дека инспекторите сé уште работат на сослушување на приведените учесници во тепачката. Постои можност бројот на приведени да се зголеми.
По завршување на истрагата, од велешката полиција велат дека ќе се знае и конечната причина за масовната тепачка и каква пријава ќе заработи секој од учесниците во насислтвото./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Дете нападнато од врсници во Карпош, едниот снимал со телефон
Вчера во 18:30 часот во СВР Скопје, Ј.Ц.А. (45) од Скопје пријавила дека околу 14:45 часот на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавале, информираат од МВР.
Според пријавата, едниот од напаѓачите го снимал настанот со мобилен телефон.
Од полицијата соопштуваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Приведен 15-годишен кумановец поради кражба на автомобил и приватни имоти
На 23 февруари 2026 година во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 15-годишник од Куманово, информираат од МВР.
Според полицијата, тој одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј. (25) од Куманово. Дополнително, се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.
Малолетникот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.
Фото: илустрација
Црна хроника
14-годишно дете возејќи автомобил во Дебреште удрило во бетонски столб, повреден е и неговиот малолетен сопатник
Синоќа во полицијата било пријавено дека во село Дебреште, општина Долнени, патничко возило „опел“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 14-годишен малолетник од селото, удрило во бетонски столб, соопшти МВР.
Во несреќата, 14-годишен сопатник од Дебреште се здобил со тешки телесни повреди, додека возачот и 16-годишен сопатник се здобиле со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница Прилеп.
Увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Прилеп.

