Контакт

Црна хроника

Откриени 117 кг марихуана на Табановце во албански автобус

Објавено пред

Царинските службеници од граничниот премин Табановце Автопат открија обид за пренесување на 117 кг високо квалитетна марихуана, во автобус со албански регистарски таблички.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти Царинската управа, во петокот  околу 20:30 часот за излез од Македонија се пријави автобус марка NEOPLAN со албански  регистарски таблички, сопственост  и управуван од албански државјанин со инцијали Е.Б. од Тирана. Како втор возач на автобусот е лице – албански државјанин со иницијали К.Б.  Во автобусот патувaле околу 20-тина патници. Според изјавата на возачите, крајната дестинација на автобусот бил Белград, Србија. Иако и патниците и возачите изјавиле дека немаат ништо да пријават за царинска контрола, фактот што возачите рекоа дека патуваат за Белград, а на шофершајбната на автобусот стои натпис Тирана – Скопје, беше доволен мотив за сомневање и пристапување кон детален преглед.  Исто така, според исказите на патниците, од моментот на тргнување од Тирана, па се до граничниот премин Табановце осомничените воопшто не го вклучиле системот за вентилација што укажало на фактот дека нешто не е во ред со климатизацијата во автобусот и дека тој простор е затворен со некоја „стока“.При прегледот на автобусот со употреба на рачен алат отворени се фабричките шуплини над предните и задните тркала преку багажниот простор на автобусот. Во внатрешноста на овие шуплини пронајдени се 48 пакувања со различна тежина, сите обвиткани со индиго и најлонска фолија и исполнети со растителна материја со зеленкаста боја за која со тестирање со тестери за дрога се утврди дека е марихуана. Потоа, царинските службеници извршија детален преглед и на внатрешноста на автобусот и во просторот за вентилација (над седиштата) каде пронајдоа уште 96 пакувања со различна тежина (по 48 од двете страни). Вкупната тежина на сите 144 пакувања е околу 117 килограми. Осомничените и дрогата се предадени на инспектори на Одделението за истраги за натамошна предистражна постапка, од која е утврдено дека осомичените Е.Б. и К.Б договориле транспорт на марихуаната преку Косово, Македонија до Белград, Србија каде требало да ја предадат на српски државјанин, а тие да го продолжат патувањето преку Унгарија до Фрајбург, Германија.Против сторителите, Царинската управа поднесе кривична пријава за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ до Јавното обвинителство-Одделение за борба против организиран криминал и корупција, а сторителите се изведени пред надлежен истражен судија./крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Објавено пред

Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

dobivaj vesti na viber

Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.

dobivaj vesti na viber

„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Демолиран изборен штаб во Конче

Објавено пред

Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.

dobivaj vesti na viber

Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија3 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ5 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија6 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет7 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет8 часа

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија8 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет8 часа

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион9 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет9 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија20 часа

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија20 часа

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија21 час

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија23 часа

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија1 ден

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ1 ден

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија1 ден

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија1 ден

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија1 ден

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...

Македонија1 ден

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за еден од најпознатите менаџери на...