Црна хроника
Кривични пријави против 15 лица за криумчарење мигранти
Македонската полиција во неделата потврди дека открила организирана криминална група која во подолг временски период вршела криумчарење на мигранти од Грција, преку Македонија во Србија од каде истите понатаму илегално се пренесувани до заподноевропските земји.
Акција под оперативно име „Коридор“ беше спроведена во саботата од страна на Единица за трговија со луѓе и криумчарење на мигранти при ЦСОСК по повеќемесечна спроведена истрага.Како организатори на криминалната група се идентификувани лицата С.Б. (52), А.И. (36) А.И. (30) сите од с. Лојане – кумановско, В.Д. (32) од Богданци и О.А. (30) од Судан.Тие организирале канал за криумчарење на мигранти преку македонска територија како дел од меѓународна криминална мрежа за криумчарење на мигранти, соопшти МВР. Во договор со државјанин на некоја од арапските земји, кој престојувал во Грција, од средината на декември минатата година, преку Македонија успеале да прокриумчарат повеќе од 250 мигранти по потекло од Авганистан, Пакистан, Судан, Сирија и други арапски и африкански земји. Криминалната група наплаќала од 120 до 200 евра по мигрант за транспорт од границата со Грција до Кумановскиот регион, каде мигрантите биле привремено сместувани, и потоа за сума од околу 300 евра по мигрант се вршело нивно илегално префрлање во Србија. Дел од паричните средства биле наплаќани во готово од мигрантите, а дел од парите преку користење на брз трансвер на пари се префрлани на име на организаторите на криминалната група од с.Лојане, при што истите имаат остварено значителна имотна корист.Криумчарењето на мигрантите, членовите на криминалната група го вршеле на тој начин што НН лицето кое престојува во Грција, заедно со суданскиот државјанин О.А. кој илегално престојува во Македонија, го договарале датумот, терминот и бројот на мигрантите кои илегално требало да бидат пренесени преку македонска територија, по што во соработка со лицата од Лојане како и лицето од Богданци, го договарале, планирале и реализирале прифаќањето, транспортот и временото засолнување.Така, дел од групата предводена од В.Д. имала задача за организирање на прифаќањето на мигрантите во реонот на Богданци и Гевгелија, како и нивниот транспорт кон Куманово (најчесто по магистралниот пат Свети Николе – Куманово. т.н „Нато Петља“ и погодно место на автопатот Скопје – Куманово, во близина на рафинеријата “ОКТА“), од каде што С.Б. А.И. и А.И. вршеле прифаќање на мигрантите и истите ги транспортирале, најчесто кон с.Лојане и с.Ваксинце, и таму времено ги засолнувале. Во наредните денови во договор со членови на криминални групи од Србија, тројцата го организирале илегалното пренесување на мигрантите преку македонско-српската државна граница во близина на с.Лојане во правец на Миратовац, Србија, кадешто мигрантите биле прифаќани од страна на НН лица и транспортирани во правец на Белград, од каде им се организирало натамошното криумчарење кон земјите на ЕУ.За реализација на прифаќањето, превозот и временото засолнување, организаторите на групата С.Б., В.Д., А.И. и А.И. ги ангажирале членовите на криминалната група К.Д. (31), Р.М. (25), И.А. (33) од Богданци; Т.К. (23), Б.П. (21) од Гевгелија; како и Р.И. (48), И.И. (19), А.Х. (19) и Ф.А. (22) сите од Куманово, иако во повеќе случаи организаторите и самите непосредно учествувале во нивните “операции“.За транспорт на мигрантите од Гевгелија кон Куманово, најчесто користела ПМВ со такси ознаки на такси компанијата од Гевгелија во сопственост на В.Д. За транспорт, пак, на мигрантите од Куманово кон с.Лојане, криминалната група од липковскиот регион, предводена од С.Б., А.И. и А.И. ги користела своите приватни ПМВ и комби возила.Во извршувањето на криминалните активности на криминалната група било инволвирано и лицето Л.К. (37) од Скопје, вработен во МВР, кој активно ја помагал криминалната група со оддавање на информации за поставеноста на полициските патроли, времето на патролирање, како и со обезбедување на “чист пат“ при транспортот на мигрантите, за што добивал парични средства од страна на организаторот на група В.Д.За време на спроведувањето на истрагата во два наврата е пресечен транспорт на мигранти во кои биле инволвирани членови од криминалната група. Во рамки на реализацијата на случајот вчера, врз основа на добиена Судска наредба, беа извршени пет претреси во домови во Лојане како и пет претреси на подрачјето на Гевгелија и Богданци. Од извршените претреси пронајдени и одземени се седум патнички моторни возила со кои бил вршен транспортот на мигрантите од Гевгелија до Куманово. Исто така заедно со лицето О.А. од Судан пронајдени се и двајца илегални мигранти по потекло од Судан. Исто така, одземени се и 3380 евра, 30 швајцарски франци, 1720 српски динари и 10 потврди за трансакции на парични средства преку фирми за брз трансвер на пари.Сите лица, членови на криминалната група инволвирани во криминалните активности на криумчарењето на мигрантите во текот на вчерашниот ден беа предадени пред надлежен истражен судија при основен суд Скопје I Скопје. Поднесена е кривична пријава против организаторите на групата: С.Б., О.А., В.Д., А.И. (36) и А.И. (30), за сторено кривично дело – “организирање на група и потикнување на извршување на делата трговија со луѓе и криумчарење на мигранти“ од член 418-в став 1 од КЗ на РМ и кривични дела – “криумчарење на мигранти“ по член 418-б став 2 вв став 1 од КЗ на РМ.Исто така кривично пријавени се членовите на групата К.Д., Р.М., И.А. (33) од Богданци; Т.К. и Б.П. од Гевгелија; Р.И., И.И., А.Х. и Ф.А. сите од с.Лојане., како и полицискиот службеник Л.К. од Скопје.Истражен судија на пријавените веќе им одреди мерка притвор во траење од по 30 дена, а се преземаат натамошни мерки за целосно расветлување на случајот./крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен Србин, криумчар на мигранти: во неговото возило превезувал пет лица од Египет и едно од Палестина
Ноќеска во 01:40 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, на место викано „Авлаќот“ во Гевгелија, полициски службеници го лишија од слобода 30-годишниот М.П. од Република Србија.
Полициски службеници извршиле контрола на патничко возило „опел астра“ со српки национални ознаки, кое го управувал, при што биле пронајдени шест лица мигранти, од кои пет лица од Египет и едно лице од Палестина.
Тој бил предаден на полициски службеници во ОВР Гевгелија за понатамошна постапка, додека мигрантите биле сместени во Прифатно – транзитен центар „Винојуг“ – Гевгелија.
За настанот бил известен надлежен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Кривична пријава против четири лица за измами со лажни сообраќајки тешки 3,7 милиони денари
СВР Битола во соработка со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ поднесе кривична пријава до ОЈО Битола против В.П.(40) од с.Стење, ресенско, Г.М.(54) со престој во Скопје, едно непознато лице (третопријавен) и В.М.(51) од Охрид, поради сомнение за сторени кривични дела.
Против прво, второ и третопријавениот е поднесена кривична пријава поради сомнение за сторено кривично дело „Измама“, предвидено и казниво по чл.247 од КЗ, додека четвртопријавената се сомничи дека сторила кривично дело „Помагање“ по чл.24 во врска со чл.247 од КЗ.
На 05.02.2026 година на ул.„Маврово“ во Битола, прво, второ и третопријавениот со лажно прикажување факти довеле во заблуда 72-годишна битолчанка, претставувајќи се дека нејзината снаа е тешко повредена и дека се потребни пари и злато за операција. Оштетената му предала златен накит на првопријавениот, кој подоцна ги предал предметите на второпријавениот. Со делото била причинета штета од околу 40.000 денари.
На 06.02.2026 година кај Саат кулата во Битола, на ист начин измамиле 76-годишна жена и нејзиниот сопруг, од кои одзеле околу 430.000 денари.
Во периодот од ноември 2025 до 21.02.2026 година, второпријавениот и четвртопријавената ги пренесувале и предавале паричните средства стекнати со измами во Р.Бугарија, односно во Софија, на третопријавениот, при што дел од средствата задржувале за себе.
Со измамите извршени во повеќе градови во државата, пријавените се стекнале со противправна имотна корист од околу 3.700.000 денари.
Од страна на судија на претходна постапка при Основен суд Битола на Г.М. му е одредена мерка притвор во траење од осум дена, додека првопријавениот веќе издржува мерка притвор.
Црна хроника
Обвинение за семејно насилство врз бремена девојка во Свети Николе
Основното јавно обвинителство Свети Николе итно ги презеде сите дејствија за обезбедување докази и поднесе обвинение против 21-годишник за нанесување телесна повреда при семејно насилство, што е кривично дело според член 130 став 2 во врска со став 1, како и за противправно лишување од слобода според член 140 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од Обвинителството.
Како што се наведува во соопштението, обвинетиот на 19 и 20 февруари, во семејната куќа во Свети Николе, при вршење семејно насилство, ја ограничил слободата на движење и телесно ја повредил неговата бремена девојка.
„Ја навредувал оштетената со која живееле во семејна заедница, а потоа започнал да ја удира со тупаници. Кога девојката се онесвестила од ударите, ја однел во бањата каде ја освестил со ладна вода, по што почнал да ја влече за коса и повторно да ја удира со боксови по главата и телото. Оштетената од ударите се здобила со повеќе телесни повреди, а кога се обидела да избега обвинетиот и го одзел мобилниот телефон и ја заклучил во спалната соба, каде ја држел 15 часа спротивно на нејзината волја.
Јавниот обвинител, заедно со обвинението, поднесе и предлог за определување мерка притвор за обвинетиот. Во меѓувреме се вршат проверки и во однос на наводи и сомненија за други дејствија на злоупотреби од ова лице кон истата оштетена, кои произлегуваат од нејзиниот исказ даден пред јавниот обвинител“, велат од Обвинителството.

