Црна хроника
Уапсени 18 шефови на грузиската мафија

Осумнаесет членови на грузиска мафијашка група од којашто, како што се нагласува, тринаесет шефови русофони, се уапсени низ Европа, соопшти во средата европското полициско биро Еуропол.
„Ова претставува еден од најтешките удари за клановите коишто ги контролира таа елита не русофонското криминално милје“, се истакнува во соопштението на Еуропол.
Апсењата биле извршени во Италија, Чешка, Франција, Унгарија и Португалија во вторникот наутро, се додава уште во соопштението што го цитира AFP, при што се нагласува дека по истрагата којашто траела година ипол во повеќе земји запленета е дрога, оружје и 100 илјади вера во готовина.
Од осумнаесетмината осомничени припадници на грузискиот клан Кутаиси, тринаестмина се високорангирани шефови познати како „вори в законе“ (односно „законски гангстери“), коишто се наречени така бидејќи имаат свој кодекс на честа. Познати се по живописните тетоважи. Тие ја контролираат и управуваат со криминалната активност на кланот.
Според Еуропол, станува за прво пасење на толку голем број вакви криминалци.
Овие грузиски криминални групи се многу често добро организирани, со изразена хиерархија. Прво се зацврстија во Шпанија, од каде што подоцна се прошириле низ цела западна Европа каде што ги испраќаат своите луѓе а располагаат и со мрежа којашто ги надгледува ткн „пиони“ задолжени за кражби на автомобили друго./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Охриѓанец силум качил 60-годишна жена во својот автомобил и ја однел дома

Полицијата синоќа го приведе 59-годишниот З.Ј. од Охрид.
Тој, според претходна пријава, со употреба на сила ставил 60-годишна жена од Охрид во своето возило „Југо“ со охридски регистарски ознаки и ја однел во неговиот дом.
По преземени мерки, жената била пронајдена во домот на З.Ј., кој веднаш бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Автомобил управуван од млада девојка од Албанија излета од патот кај Меџитлија, повредени четири лица

Вчера на патот Битола – Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни повреди се здобиле А.С., сопатничката А.С.(44) и уште една 15-годишна малолетничка, сите од Република Албанија, констатирани во Клиничката болница Битола“, соопшти МВР.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Мајка од Гостиварско го повредила своето 4-годишно дете, МВР поднесе кривична

Полицијата поднесе кривична пријава против М.С.(40) од гостиварско, поради сомнеж за насилство врз дете.
Според информацијата од полицискиот билтен, на 4 јули пријавената физички го нападнала нејзиното четиригодишно дете и му нанела повреди.