Црна хроника
Дедо претепан со бастун

Седумдесет иосумгодишен старец беше претепан со бастун од 43 годишен жител на селото Шопско Рудари, соопшти полицијата.
Настанот се случил во четврток попладне пред продавница во кратовското село Сакулица, кога 43 годишниот И.М. под дејство на алкохол, при распаравија со С. И. (78) од с.Татомир-кратовско, со бастун го удрил неколку пати во пределот на телото.
При нападот му нанел тешка телесна повреда на десната рака.
С.И. е пренесен во ЈЗУ„Здравствен Дом“-Кратово, каде му е укажана лекарска помош а потоа e упатен во Медицинскиот центар во Куманово. /крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Охриѓанец силум качил 60-годишна жена во својот автомобил и ја однел дома

Полицијата синоќа го приведе 59-годишниот З.Ј. од Охрид.
Тој, според претходна пријава, со употреба на сила ставил 60-годишна жена од Охрид во своето возило „Југо“ со охридски регистарски ознаки и ја однел во неговиот дом.
По преземени мерки, жената била пронајдена во домот на З.Ј., кој веднаш бил лишен од слобода. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Автомобил управуван од млада девојка од Албанија излета од патот кај Меџитлија, повредени четири лица

Вчера на патот Битола – Граничен премин Меџитлија, патничко возило „форд“, управувано од 21-годишната А.С. од Република Албанија, излетало надвор од коловозот.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила нејзината сопатничка, Н.С.(47), додека со телесни повреди се здобиле А.С., сопатничката А.С.(44) и уште една 15-годишна малолетничка, сите од Република Албанија, констатирани во Клиничката болница Битола“, соопшти МВР.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Мајка од Гостиварско го повредила своето 4-годишно дете, МВР поднесе кривична

Полицијата поднесе кривична пријава против М.С.(40) од гостиварско, поради сомнеж за насилство врз дете.
Според информацијата од полицискиот билтен, на 4 јули пријавената физички го нападнала нејзиното четиригодишно дете и му нанела повреди.