Црна хроника
Убиен американски агент во Колумбија
Агент на Дирекцијата за борба со наркотиците на САД (Drug Enforcement Administration – DЕA) е убиен во Колумбија, изјави во саботата американскиот амбасадор во оваа земја, Питер Меккинли.
Во интервју за Radio Caracol дипломатот го потврдил загинувањето на агентот врз кој бил извршен напад во еден од квартовите на колумбиската престолнина Богота. Истрагата за убиството ја води колумбиската полиција со помош на американската разузнавачка служба.
Во соопштението на DEA од централата во Вашингтон, се потврдува дека „специјалниот агент Џејмс ‘Тери’ Вотсон бил распореден во канцеларијата на DEA во Картахена, Колумбија, но привремено бил распределен во Богота“.
Прелиминарните информации укажуваат на тоа дека станува збор за вообичаено убиство, имено, најверојатно, Американецот, бил убиен додека се обидувал да фати такси откако напуштил ресторан во Богота во кој имал средба со пријатели, а целта на кривичното дело во кое учествувале двајца напаѓачи наводно била грабеж.
Полковникот Камило Кабана од колумбиската Национална полиција изјави дека таксито на Вотсон било пресретнато од друго три блока подалеку од ресторанот. Притоа двајца мажи се обиделе да го извлечат Американецот надвор од возилото прободувајќи го трипати во градите и еднаш во ногата.
Напаѓачите го оставиле агентот на улицата, каде бил пронајден по кусо време од полициска патрола. Вотсон бил однесен во блиска клиника но веќе бил починат.
Полицијата во Богота во меѓувреме објави награда од 50 илјади колумбиски песози или 25.800 американски долари за информации за криминалците кои го извршиле убиство. Исто така, се прегледуваат и снимките од безбедносните камери во близина на убиството. Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос вети дека овој криминал нема да мине неказнето.
Дирекцијата за борба против наркотици на САД тесно соработува со колумбиските правосудни органи во справувањето со транспортот на забранетите супстанции. Обично колумбискиот кокаин се транспортира по вода и по копно преку Централна Америка во Мексико, а оттаму преку тамошните нарко картели се шверцува на богатиот илегален пазар во САД. Според Обединетите нации, Колумбија е еден од светските лидери во производството на кокаин а во 2011 година биле произведени 345 тони од оваа дрога./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.