Црна хроника
Викендов украдени милиони од стан на „Бихаќка“
Во неделата, М.М.(57) од Скопје пријавил дека викендот, на ул. „Бихаќка“, непознат сторител со употреба на погоден предмет извршил тешка кражба во неговиот стан.
Тој одзел метален сеф во кој имало околу 500.000 евра, 50.000 долари, поголема количина разновиден златен накит и документација причинувајќи материјална штета во вкупен износ од околу 33.580.000 денари.
Извршен е увид на местото на настанот и се преземаат мерки за откривање на сторителот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен маж од Тетовско: кај него се пронајдени 3106 парчиња пиротехнички средства
Вчера во 16:30 часот на улицата „19 Ноември“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Џ.Ј.(35) од село Селце, тетовско, затоа што кај него се пронајдени и одземени 3106 парчиња пиротехнички средства.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок по член 396 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Ограбена аптека на Бит-пазар
Вчера во 19:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во аптека на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со закана со огнено оружје од вработената одзело пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Од водите на Вардар извлечено тело на машко лице
Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 11:00 часот во водите на река Вардар, во атар на село Трубарево, скопско, е пронајдено и извлечено тело на машко лице.
По извршена проверка констатирано е дека е П.С.(71) од Скопје за кој на 23.12.2025 беше пријавено дека се оддалечил од домот.
Извршен е увид, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

