Контакт

Црна хроника

Седумнаесет приведени во полициска акција „Филтер“

Објавено пред

Седумнаесет лица се уапсени и во вторник се изведени пред истражен судија, меѓу кои и еден бугарски државјанин, а против нив е поднесена кривична пријава за криумчарење цигари од Македонија во Бугарија.

dobivaj vesti na viber

Меѓу пријавените е и еден полициски службеник кој е вработен во граничната полиција

„Утрово заедно со кривичната пријава и обезбедениот доказен материјал, 17 лица кои се дел од дваесетчлената организирана криминална група инволвирана во криумчарење на цигари беа изведени пред истражен судија“, изјави министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Криминалната група, според Јанкулоска, е составена од 19 македонски државјани и еден бугарски државјанин, и се товари дека во периодот од септември 2010 до септември 2011 организирала вкупно 12 нелегални транспорти на цигари од Република Македонија кон Република Бугарија.

Последната акција за сузбивање на тутунската мафија која се водеше по Оперативно име „Филтер“, беше реализирана во текот на вчерашниот ден во Скопје, Тетово и повеќе градови низ источна Македонија при што биле приведени и организаторите и членовите на добро структурираната криминална група.

Групата во септември 2010 година ја создал 47-годишен жител на Скопје, потпомогнат од 41 годишно лице од Тетово и други пет лица од Скопје, заради вршење на кривични дела криумчарење цигари. Останатите членови од Струмица, Делчево, Кочани и Берово, кои се на возраст од 25 до 60 години, имале задача илегално да ги пренесуваат цигарите во соседна Бугарија. Како логистика од другата страна на границата им бил 34-годишен бугарски државјанин, кој исто така е опфатен со пријавата. Меѓу пријавените фигурира и еден полициски службеник, вработен во граничната полиција, кој имал задача членовите на групата да ги информира за движењето на полициските патроли по граничната линија.

Инаку, криминалната група се занимавала со организирање на криумчарење и транспорт на акцизна стока – цигари со и без акцизни маркички од Албанија и Косово во Македонија, а потоа од кон Бугарија. Членовите на групата цигарите ги складирале во магацински простории на територијата на Скопје и околината или во помошни магацински простории лоцирани во близина на македонско- бугарската граница во нивна сопственост.

Мал дел од криумчарените цигари членовите на криминалната група ги пуштале во промет и на територијата на Македонија, додека поголемиот дел по нелегалното внесување, повторно ги транспортирале и ги криумчареле во Бугарија, поради тоа што цигарите како акцизна стока, во Бугарија имаат значително поголема вредност (споредено со малопродажните цени во РМ), што на организираната група и носела значително поголем нелегален профит.

Имале организирана мрежа на транспортери кои ги транспортирале цигарите до источниот дел на Македонија на подрачјата на Крива Паланка, Делчево, Кочани, Берово, Струмица каде што ги предавале цигарите на останатите членови на групата.

Целата операција на МВР за сузбивање на оваа група се работело подолго време така што покрај овие 20 лица, претходно се кривично пријавени, дополнителни шеснаесет члена на оваа криминална група (12 македонски и 4 бугарски државјани) – транспортери на цигари кои во временскиот период од септември 2010 година до септември 2011 година се обиделе да извршат 12 транспорти на вкупно 2.976.220 парчиња на цигари од Р.Македонија во Р.Бугарија. Овие транспорти на цигари од страна на МВР на РМ се спречени, при што вкупната вредност на запленетите цигари изнесува околу 8.000.000,00 денари.

Во понеделникот, со судска наредба, биле извршени и 17 претреси во домовите на членовите на криминалната група при што се пронајдени поголема количина рефус цигари (три пакети), неколку килограми марихуана, 100 пакети енергетски пијалак РЕД БУЛ (нелегално внесен од Косово), над 15.000 евра, 341 штеки цигари без акцизни маркички, 3.983 македонски акцизни маркички за кои се претпоставува дека се фалсификувани и едно патничко моторно возило користено за вршење на кривичните дела.

Тројца од осомничените вчера не и биле достапни на полицијата и против истите ќе се преземат дополнителни мерки за нивно пронаоѓање.

Против сите 20-мина членови на криминалната група до Основно Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал поднесена е кривична пријава за сторени кривични дела „Криумчарење“.

Паралелно со реализирањето на оваа акција, МВР по претходни добиени оперативни сознанија пресече уште еден меѓународен канал за криумчарење на цигари. Откриени се повеќе лица од Делчево кои подолг временски период се занимавале со криумчарење на акцизна стока – цигари на подрачјето на Делчево кон Бугарија. Неколкумина од нив се приведени и од истите се одземени 700 штеки цигари, од кои 600 штеки Јорк и 100 штеки Бенстон со бандерола и едно моторно возило – трактор./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Објавено пред

Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.

dobivaj vesti na viber

Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра

Објавено пред

Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.

dobivaj vesti na viber

„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Демолиран изборен штаб во Конче

Објавено пред

Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.

dobivaj vesti na viber

Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет13 часа

Кинескиот претседател со предупредување до Блинкен: „Вашингтон едно кажува друго прави“

„Вашингтон мора да престане „да кажува едно, а да прави друго“, како и да престане да го третира Пекинг како...

Македонија15 часа

„Не е законски да не е осигурана Клиниката, за тоа треба да преземе одговорност менаџментот“, кажа Демири

Министерот за здравство Илир Демири кажа дека штетата на Токсикологија е покриена, откако имаше хаварија со цевката за парно. „Клиничкиот...

Македонија16 часа

„Не е точно дека со ДУИ подготвуваме сценарио за бојкот на вториот круг на претседателските избори“, кажа Ковачевски

Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски кажа дека не е точно дека подготвуваат со ДУИ сценарио за бојкот на вториот круг...

Топ18 часа

Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско

Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила...

Македонија19 часа

Маскиран со „фантомка“ влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: притвор за 28-годишник

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишен жител на Непроштено, осомничен за...

Свет20 часа

Јенс Столтенберг: Украина се уште може да ја добие војната против Русија

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави дека Украина се уште може да победи во војната против Русија, но дека...

Свет21 час

Израел е подготвен да прифати ослободување на помалку од 40 заложници, пишуваат медиуми

Израел е подготвен да го ублажи барањето од Хамас и да ослободи 40 заложници во замена за привремен прекин на...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска за ВМРО-ДПМНЕ Македонија повторно да ја врати на народот

180.000 гласа разлика во корист на Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ пред Пендаровски и СДС е порака дека народот сака промени...

Свет21 час

Америка и испраќа на Украина скап пакет оружје, откриeно што може да има во него

Веќе во петок, САД би можеле да објават нов пакет оружје за помош на Украина во вредност од шест милијарди...

Регион22 часа

Лекари во Загреб вградиле мозочен стимулатор на маж со Паркинсонова болест : „Може да вози велосипед, да плива“

Уште еден голем успех на хрватските лекари. Тим хирурзи во болницата Дубрава прв во овој дел од Европа вгради мозочен...

Свет22 часа

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Двајца руски војници се приведени под сомнение дека убиле пет лица во окупираниот дел од областа Херсон. Александар Осипов и...

Македонија1 ден

Ковачевски: Ќе продолжиме да се бориме за секој граѓанин и за европската иднина на Македонија

„Вчера граѓаните нѝ пратија силна порака и ние таа порака ја слушнавме. Но, се лажат сите кои мислат дека ќе...

Македонија1 ден

Јакимовски до Муцунски: Прв излегов и го признав поразот, а тие во алкохолизирана состојба едвај го прочитаа тоа што го напишале

„Колегата Тимчо Муцунски се подбивал со мојот резултат на овие претседателски избори, притоа обидувајќи се малку да биде вицкаст. Иако...

Македонија1 ден

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Мириса на промени, бранот започна и нема запирање. Она што го говорев кога дојдов тука пред некоја недела, стана вистина....

Македонија1 ден

Позитивна оценка за првиот круг од претседателските избори, забелешки за острата и негативна реторика од страна на ОБСЕ/ОДИХР

Првиот круг од претседателските избори беше конкурентен и гласачите можеа да направат информиран избор. Меѓународната набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР во...

Македонија2 дена

Во прв круг за претседател е избран само Киро Глигоров со освоени 715.087 гласа, Силјановска-Давкова и Пендаровски вторпат одат во втор круг

По вчерашниот прв круг од седмите претседателски избори, Киро Глигоров остана единствениот претседател избран во прв круг од осамостојувањето до...

Топ2 дена

Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче

Радовишанец со месеци силувал малолетничка Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од...

Македонија2 дена

Таткото на Вања ќе оди во куќен притвор, Врховниот суд му ја уважи жалбата

Врховниот суд ја уважи жалбата на таткото на убиената Вања Ѓорчевска. Со тоа укинат му е притворот и определени се...

Македонија2 дена

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија2 дена

Стевчо собра повеќе потписи од гласови – поразот на Јакимовски главна тема на социјалните мрежи

Кандидатот за претседател на ГРОМ и актуелен градоначалник на скопската општина Карпош, Стевчо Јакимовски, на вчерашниот прв круг од претседателските...