Црна хроника
Убиен гол маж кој со нож нападна полицаец во Берлин
Берлинската полиција уби во петокот гол маж кој кај познатата градска фонтана Нептун, во близина на градскиот парламент, со нож нападна полицаец, јавува AFP
Според првичните сознанија на полицијата, случајните минувачи дојавиле дека голо момче на возраст од околу дваесетина години носи долг нож и чудно се однесува во Нептуновата фонтана. Полицијата се обидела дa го убеди да го предаде ножот, но наместо тоа, тој почнал да се самоповредува, по што еден полицаец скокнал во фонтаната да го спречи.
Меѓутоа, момчето го нападнал и му го ставило ножот под грлото, а друг полицаец по безуспешните наредби да се повлече пукал во момчето. Напаѓачот починал на самото место.
Полицијата соопшти дека обдукцијата ќе покаже дали починал од куршум или од раните што си ги нанел самиот. Причината за неговото бизарно однесување, како и идентитетот, сé уште не се познати.
Според една од верзиите младиот маж кој според некои различни извори бил на 25 или на 31-годишна возраст, бил чувар во градското собрание на Берлин и самиот ја повикал полицијата. Полицискиот портпарол за медиумите сугерирал дека активноста на мажот е некако поврзано со градското собрание каде што се и канцелариите на градоначалникот Берлин, Клаус Воверејт./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

