Црна хроника
Идентификувани жртвите од сообраќајката кај Куманово
Во саботата околу 16.45 часот на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка кај местото викано Смиљчиште, се случи сообраќајна незгода во која животот го загубија шест лица.
Имено, до сообрачајката дошло при директен судар на автомобил „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од Љупчо Л.(39) од Скопје, со сопатниците Елена К.(33) од Пробиштип, Петар Л.(6) и Јована Л.(4) и автомобил „Пасат“ со кумановски регистарски ознаки управувано од Ласте Ј.(50) и неговиот сопатник Владимир Б.(55) двајцата од Куманово.
Од силината на ударот опожарени се двете возила, а на лице место починати се сите шест лица, соопшти официјално МВР./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со БМВ удрил во контејнери и автомобил, па побегнал
Вчера во 22:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека на сервисна улица од ул.„Матеја Матевски“ во Скопје патничко возило БМВ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.А.А.(22) од Р.Турција, а со привремен престој во Скопје, удрило во контејнери и патничко возило алфа ромео со демиркаписки регистарски ознаки. М.А.А. го напуштил местото на настанот, но по преземени мерки од полициски службеници, тој набрзо бил фатен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Жител на дебарското село Горенци вршел превоз без лиценца
Дебарското Одделение за внатрешни работи поднесе кривична пријава против жител на село Горенци, кој вршел превоз без соодветна лиценца.
-Кривична пријава е поднесена против А.А.(48) од селото Горенци, општина Центар Жупа, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење на јавен превоз без да поседува соодветна лиценца“ по член 284 од Кривичниот законик, информираше Стефан Димоски портпарол на СВР-Охрид.
Според него, на 9 октомври при контрола во патниот сообраќај извршена на улицата „Елена Ѓика“ во Дебар, полициските службеници сопреле патнички автомобил „фолксваген голф“, управуван од пријавениот.
При тоа, констатирале дека тој врши такси превоз на патници без соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган.
Црна хроника
Фатени дилери на дрога, меѓу нив и дете
Ноќта помеѓу 7 и 8 ноември .11.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода А.Ј. од Куманово, Ф.С. од Кочани, Б.А., М.Р., П.Ѓ., М.Ј., М.Е., А.П. и еден 16-годишен малолетник, сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени марихуана и бела прашкаста материја.
По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

