Црна хроника
Фатен шефот на калабриската мафија во Колумбија

Колумбиската полиција објави во саботата дека го уапсиле осомничениот дека е шеф на италијанската калабриска мафија Роберот Панунци, кого го сметаат за еден од најбараните трговци со дроги во Европа.
Роберто Панунци, познат по прекарот ‘италијанскиот Пабло Ескобар’ (легендарниот шеф на колумбиските нарко картели), според соопштението на колумбиската полиција, бил уапсен во шопинг центар во колумбиската престолнина Богота. Во бегството беше од 2010 година, кога избега од клиника во Рим каде се лечел како затвореник.
Италијанското обвинителство го товари за воспоставување на трансокеанска трговија со кокаин меѓу Италија и Колумбија. Како наводен шеф на злогласната калабриска мафија Ндрагета, обвинителството верува дека учествувал во увозот на по две тони кокаин месечно во Европа.
Колумбиските власти го уапсиле Италијанецот со помош на Американската администрација за борба против наркотиците./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец осомничен за измама со фиктивна продажба на станови

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно физичко и едно правно лице за кои постои сомнение за сторено продолжено кривично дело – Измама од член 247 од Кривичниот законик.
Пријавениот сопственик на правното лице, со цел да прибави противправна имотна корист за себе и за својата фирма, лажно прикажувал факти дека врши посредување при продажба на станови и возила во сопственост на Агенцијата за управување со одземен имот – Скопје.
Осомничениот 35-годишник од Скопје на две оштетени лица во Куманово им се претставил како вработен во Агенцијата за управување со одземен имот и со нив склучил фиктивни договори за наводна продажба на станови во Скопје и Охрид. Измамените граѓани му уплаќале пари, еден дел во готово, а еден дел на сметка на правното лице, со што осомничениот прибавил вкупна противправна имотна корист од 115.754 евра.
Ценејќи дека се исполнети законските основи, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Куманово ќе достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, соопштија надлежните.
Црна хроника
Украдени бронзени бисти од градските гробишта „Бутел“

Вчера во СВР Скопје, Б.И.(67) и С.Ж.(76), двајцата од Скопје, пријавиле дека од гробни места од Градските гробишта Бутел биле одземени две бронзени бисти.
Според полицијата, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Маж од Скопје останал и без пари и без стан: уапсена 55-годишна жена

Синоќа во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода В.С.Н.(55) од Скопје.
Таа се сомничи за сторено кривично дело измама.
Имено, од страна на 34-годишен скопјанец на истата и биле исплатени 172.732 денари при склучување на нотарски договор за посредување при купување на стан, но оштетениот подоцна дознал дека станот веќе бил продаден на друго лице, по што сфатил дека бил измамен.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.