Црна хроника
Ќумбе за греење причина за пожарот во кој изгореа мајка и дете

Пожарот кој избувна во импровизирана барака во месноста Мауцкер во Охрид во којшто изгореа мајка и седуммесечно бебе најверојатно избувнал од ќумбе кое било користено за затоплување во студените ноќи.
„Ќумбето било поставено веднаш до импровизиран ѕид кој е целосно изгорен. Не можам да ја исклучам можноста дека пожарот е подметнат, но тоа ќе го утврдува истрагата, бидејќи не е познат ниту идентитетот на жртвите„ изјави Спасе Прентоски командир на ТППЕ Охрид, јавува Охридњус.
Телата на загинатите се предадени на обдукција, за утврдување на идентитетот на жртвите.
Претходно противпожарната единици во Охрид два пати интервенирала на импровизираниот објект во Чекоштина, кој бил опожаруван.
Пожарот го пријавил вработен во бензинска пумпа во 5.45 кога забележал огромен чад и пламен од бараката.
Пријавителот забележал огромен чад и пламен во објектот. Интервенирано е со две противпиожарни возила и 8 пожарникари на непристапен терен. За жал од пожарот објектот бил целосно уништен. При гасењето на пожарот пронајдено е јагленисано тело најверојатно на жена и бебе на возраст од околу 7 месеци“ изјави Прентоски./крај/охридњус
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нелегално поседувал воздушна пушка: пријава против маж во Охридско

Вчера при претрес во домот на С.Т.(32) од охридското село Лескоец, извршен со судска наредба, полициските службеници од СВР Охрид пронашле и одзеле воздушна пушка „Славија“ калибар 4,5 милиметри, која нелегално ја поседувал.
Според полицијата, по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Пијан возач удрил во паркирано возило во Кичево

Утрово во 00:35 часот на улица „Јанко Михајлоски“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода М.Ц.(42) од Кичево.
Претходно, тој, управувајќи патничко возило „рено“ без регистарски таблички, удрил во паркирано возило „мицубиши“ со скопски регистарски ознаки.
При преземање мерки во врска со настанот, извршено е алкотестирање, при што полициските службеници констатирале дека го управувал возилото по дејство на алкохол, односно измерени му се 1,72 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.
Црна хроника
Турчин уапсен на Табановце: кај него пронајдена марихуана и дробилка

Вчера во 18:15 часот на Граничен премин Табановце, на влез во државата, полициски службеници го лишија од слобода 27-годишнниот А.Х. од Република Турција.
При гранични проверки, односно преглед кај него и контрола на возилото во кое бил сопатник, кај него се пронајдени марихуана и дробилка.
Лицето е задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.