Црна хроника
Полициски сменоводител во Неготино доби кривична пријава

Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди при МВР до Основното јавно обвинителство во Кавадарци поднесе кривична пријава против Т.Ц. (38) од Неготино, полициски службеник-сменоводител во полициската станица во Неготино при СВР Велес.
Пријавата е поднесена поради основано сомнение дека сменоводителот во мај 2011 година, незаконски вратил одземено возило што било предмет на царински и сообраќаен прекршок, со што сторил кривично дело – “злоупотреба на службената положба и овластување“.Имено, на 28.05.2011 година околу 05,00 часот, полицискиот службеник Ј. Ѓ. од ПО за БПС Неготино при сообраќајна контрола на ул. „Индустриска“ во Неготино, сопрел ПМВ „Фиат Брава“ со бугарски национални ознаки. Поради нецелосна документација за возилото како и констатиран прекршок – “управување под дејство на алкохол“, возилото било донесено во кругот на ПС од ОН Неготино. Истиот ден во 16.00 часот во полициската станица дошол возачот на одземеното возило заедно со сопственикот на возилото и донеле целосна документација за возилото. По ова, пријавениот Т.Ц. без да ги запознае раководителите, без да се консултира со Царинската управа и без да ја разгледа важноста на приложените документи со потврда за вратени предмети му го вратил возилото на возачот и направил фотокопија од приложената документација.По добиеното сознание за претходно опишаниот настан, од страна на Секторот за внатрешна контрола и професионални стандарди извршени се проверки во ПС од ОН Неготино, направени се консултации со Царинската управа како и проверки во Националниот координативен центар за гранично управување во Скопје, од каде добиен е одговор дека предметното возило ја нема напуштено територијата на РМ во периодот од 01.07.2010 година до 30.06.2011 година. Исто така, од увидот во документацијата на возилото е утврдено дека зелениот картон бил со важност до 19.10.2010 година што значи дека за истото на денот на одземањето возачот не поседувал валиден зелен картон. Согласно наведеното, возилото не смеело да биде вратено на лицето кое што го управувало ниту пак на сопственикот. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Полуматуранти нападнати во Скопје од повеќе врсници – пријавени два случаи за помалку од 4 часа

Во Скопје на 5 јули биле пријавени два одделни случаи на физички напади врз малолетници, случени во различни делови на градот.
Во првиот случај, 48-годишната Ф.Б. пријавила дека околу 18 часот на подрачјето на Бит Пазар, нејзиниот 15-годишен син бил нападнат од тројца малолетници, од кои еден употребил тврд предмет.
Во вториот случај, 44-годишниот В.Д. пријавил дека околу 14:20 часот во Градскиот трговски центар во Центар, неговиот 14-годишен син бил нападнат од неколку малолетници.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на двата случаи.
Црна хроника
Уапсен жител на Батинци откако нападнал полицаец во Центар по сообраќајна незгода

Жител на село Батинци е уапсен рано утринава во Скопје, откако физички нападнал полициски службеник кој постапувал по пријава за нарушен јавен ред и мир во Центар, по сообраќајна незгода.
Инцидентот се случил околу 01:20 часот, а приведениот е 25-годишниот А.Т.
Се работи на целосно документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Тетовец ограбен кај Петровец по договорена средба со пријателка

Жител на Голема Речица вчера бил ограбен на подрачјето на Петровец од две машки лица, од кои едното било вооружено.
Според информациите од полицијата, грабежот се случил откако претходно договорил средба со пријателка од Куманово, па бил пресретнат од лицата кои биле во автомобил.
Му биле одземени пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.