Црна хроника
Возачот во Калифорнија ги демнел шетачите пред да се залета во нив
Безбедносните камери го снимиле возачот кој се залета во луѓето на крајбрежното шеталиште близу Лос Анџелес како ги набљудува шетачите пред со автомобилот да се втурне во нив при што усмрти едно лице а 11 се повредени, пренесува Assocaited Press повикувајќи се на полициски извори.
Претходно интернет изданието на весникот The Los Angeles Times објави дека едно лице загинало а најмалку 12 се повредени откако автомобил се втурнал во шетачите на познатата плажа Венис Бич во Лос Анџелес, во налудничаво возење во стилот „удри и бегај“ кое продолжило и неколку градски блока подалеку.
Според Reuters од 12 лица колку што биле префрлени во болницата, две биле во критична состојба од кои едно им подлегнало на повредите.
„Автомобилот го пронајдовме, но возачот побегнал пешки. Сега имаме осомничен кој е уапсен“ изјавил за Reuters портпаролот на лосанџелеската полиција, Дание Чан.
Очевидци го опишале возачот како русокос белец на 20-годишна возраст, што одговара на описот на уапсениот. Агенцијата пренесува и дека околу шест часот попладне по локално време автомобилот бил паркиран на Венис Бич и по кусо време со брзина од 30 километри на час се залетал во пешаците. Засега не е познат мотив на возачите и дали бил под дејство на алкохол или дроги.
Видео камерите за надзор забележале човек со бејзбол капа, сива маичка и бели панталони кој го парирал црниот автомобил „Dodge Avenger“пред хотел во близина на брегот, и кој двапати излегувал од возилото. Потоа се вратил зад воланот земал брзина и покрај жолтото предупредување на заштитната ограда дека станува збор за пешачка зона се залетал и почнал да ги удира луѓето како кегли за куглање. Видео снимката покажува дека тој соборил најмалку тројца улични продавачи.
Возачот го напуштил местото на инцидентот, а подоцна како што пишува Associated Press, во полициската станица во Санта Моника се пријавил маж кој тврдел дека е вмешан во инцидентот на шеталиштето. Недалеку од станицата полицијата го пронашла напуштеното возило кој најверојатно му припаѓа на налудничавиот возач.
Ова не е првпат жителите на Лос Анџелес да станат жртви на вакви налудничави возачи. Кон крајот на август минатата 2012 година, еден маж изгази девет деца и двајца возрасни возејќи по тротоар пред училиште./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.