Црна хроника
Беровец ја избодел сопругата на сред Скопје
Во понеделникот околу 17.30 часот, во Скопје на ул.„Максим Горки“ настанала вербална расправија меѓу сопружници од Берово, кој крваво завршила.
Имено, тие се расправале поради предходно нарушени семејни , а Ѓ.Д. (55) била прободена со нож во градниот кош од нејзиниот сопруг Н.Д.(55) двајцата од Берово.
Сопругот побегнал, а жената е пренесена во Градската болница „Свети Наум Охридски“ каде што и е констатирана тешка телесна повреда, по што е задржана за понатамошно лекување.
Од страна на СВР-Скопје извршен е разговор со оштетената, а по осомничениот се трага и по целосно расчистување на случајот ќе следи соодветен поднесок./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривична против маж од Врапчиште: со закана изнудил 5000 евра од негова роднина
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(84) од село во општина Врапчиште поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „изнуда’’.
Во текот на јули 2025 година, пријавениот со закана побарал и добил 5000 евра од едно женско лице – негова роднина, а откако таа побарала да ѝ ги врати парите ја прекинал комуникацијата со неа.
Црна хроника
Инцидент во болница во Ѓорче Петров: Пациент физички нападнал вработена
Вчера во 11:00 часот во СВР Скопје, 56-годишната Д.Ѓ. од Скопје пријави дека околу 04:00 часот на работното место во здравствена установа на подрачјето на Ѓорче Петров била физички нападната од едно лице, кое се лекувало во установата.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во Скопско: им се заканувал на ќерките, а се обидел да ја нападне сопругата, полицијата го уапси 56-годишникот
Вчера во 20:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 56-годишниот С.К. затоа што упатувал закани кон неговата 44-годишна сопруга и се обидел физички да ја нападне, а претходно со остар предмет упатувал закани и кон нивните две ќерки и притоа оштетил дел од покуќнината во семејниот дом.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

