Црна хроника
Во Грција се води истрага за исчезнати 502 Ромчиња од Албанија
Грчкиот министер за правда, Хараламбoс Атанасиу побара од надлежните власти во Грција итно да покренат истрага за исчезнувањето на 502 деца етнички роми од Албанија , кои исчезнаа од домот за сираци во Атина ,,Агиа Варнава“, во периодот од 1998 до 200 година.
Грчкиот министер за правда во своето писмо упатено до парламентот наведува дека неопходно е што побрзо да се создаде законски основа за истрага за исчезнувањето на децата Роми од Албанија.
Обединетите нации повеќепати остро реагираа за тоа што не се покренати истражни активности од страна на грчките институции и притоа искажуваа нагласена загриженост од непокренувањето на истрагата./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стржанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.