Црна хроника
Починаа тројцата возачи во сообраќајката кај Страцин
Почина и возачот на „тикото“, педесет и петгодишниот Драган И. од Крива Паланка кој беше повреден во тешката сообраќајка што се случи на магистралниот пат Куманово – Крива Паланка, кај местото Поповски рид во село Страцин утрово околу 5,15 часот.
Според полициските информации, сообраќајката се случила кога автомобилот, „БМВ“ со бугарски национални ознаки управувано од 34-годишниот Далибор Н. од Крива Паланка, се движело во насока кон Крива Паланка и на местото на незгодата возачот изгубил контрола над возилото, преминал на левата страна и првин удрил во возило кое се движело од спротивната насока марка „Тико“ со кривопаланечки регистарски ознаки управувано од 55-годишниот Драган И. од Крива Паланка, по што удрило и во возило марка „Голф“ со косовска национална ознака управувано од 36-годишниот Гаши И.(36) од Приштина, Косово.
На лице место на незгодата починале возачите Далибор и Гаши, додека пак Драган им подлегнал на повредите во Ургентен центар во Скопје.
Исто така, со тешки повреди се здобиле и четворица сопатници, двајца од Крива Паланка коишто биле во „тикото“ и двајца од Косово кои биле во „голфот“./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка
Полицијата во Тетово поднесе кривична пријава против А.А.(41) од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на лични податоци“ и „производство и дистрибуција на детска порнографија“.
Пријавениот, на социјална мрежа, објавил фотографии и видео снимки со експлицитна содржина од женско лице, кое во тоа време било малолетно.
Црна хроника
Жена од Гевгелија измамила Грк дека е од Царина и му зела 2.000 евра
Полицијата поднесе кривична пријава против М.Ј.(46) од Гевгелија, поради измама.
„Пријавената, на 13 септември на царинскиот терминал на Граничниот премин „Богородица“, го довела во заблуда грчкиот државјанин К.Г.К., на начин што лажно се претставила дека е застапник во царински постапки и лажно му прикажала факти дека сторил тежок царински прекршок, поради што ќе биде задржан на македонско-грчката граница од страна на царинските власти и му побарала 2.000 евра, за да му помогне, на што се согласил“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Демолиран изборен штаб во Конче
Г.Г.(45) од село Дедино, општина Конче, пријавил во полицијата дека ноќта помеѓу 24 и 25.04.2024 во времето од 22.00 до 06.00 часот било скршено стакло на објект во село Дедино, кој се користел како штаб на кандидат за претседател на државата.
Увид на местото извршила екипа на ОВР Радовиш и се преземаат мерки за расчистување на случајот.